Бебињата на Скандинавците спијат надвор, во Кина не носат пелени - 5 необични методи на воспитување низ светот
Во Индија и други азиски земји се практикува спиење со децата во ист кревет – какви методи на одгледување на децата се користат во 5 различни земји, а се разликуваат од нашите?
Родителството и воспитувањето на детето е многу индивидуално и секој одлучува што е најдобро за неговото дете.
Но сепак, зависно просторите на живеење, постојат некои традиции и пракси на одгледување кои повеќето луѓе ги користат.
Во продолжение погледнете неколку невообичаени методи на родителство:
Повеќето бебиња во Кина не носат пелени
Во Кина многумина користат традиционален метод на одгледување без пелени, односно учење на децата од најмала возраст да извршуваат нужда сами.
Родителите многу малку користат пелени, а брзо по раѓањето ги учат децата да користат тоалет.
Наместо пелени, многумина практикуваат специјална облека со отвор, која се нарекува kaidangku, а им овозможува на децата да вршат нужда каде и да се.
Французите ги учат децата на исхрана по бон-тон
Французите се познати по тоа што уживаат во храната, ги јадат оброците полека и подолго, за разлика од многу други народи кои се научени на брза храна.
Но, на оваа навика ги учат децата од најмала возраст, кога се во можност да седнат со нив да јадат.
Тие им нудат здрава храна со нутритивни вредности во одредено време во денот секој ден и им создаваат здрави навики да го ценат она што е сервирано пред нив.
Во Индија се практикува заедничко спиење на децата и родителите
Во многу култури и азиски земји, меѓу кои и Индија, е сосема нормално и редовна пракса децата да спијат заедно со родителите.
Со тоа тие создаваат посебна емотивна врска помеѓу родителот и детето.
Додека во многу култури се смета дека не е добро детето да се учи да спие во ист кревет со родителите и дека треба да се направи независно, во Индија родителите уживаат во близината и поврзаноста која ја имаат со децата уште од првиот ден.
Децата во Јапонија сами си ги извршуваат обврските
Добро познато е дека Јапонците се најдисциплиниран народ, а тие се учат на одговорност уште од најмала возраст.
Уште од 2-годишна возраст, нивните родители и учители ги охрабруваат и учат сами да ги извршуваат своите домашни обврски, па дури и да си чистат зад себе.
Со тоа тие многу побрзо стануваат независни, а кога ќе пораснат си ги знаат своите обврски и се многу поодговорни.
Децата во Скандинавија спијат надвор на дневни дремки
Една од најуникатните методи на родителство на Скандинавците е тоа што тие ги оставаат децата да спијат надвор, дури и на минусни температури.
Родителите во овие земји веруваат дека свежиот воздух ќе им помогне на бебињата да спијат подобро, а со тоа ќе израснат здрави индивидуи бидејќи природата прави чуда.
Во овие земји сосема е нормално да сретнете родители кои влегуваат во кафуле, а количките со бебињата ги оставаат надвор.
M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com