6 правила како да воспитате силна ќерка
Правило 1: Ако следењето на правилата ѝ изгледа бесмислено, тогаш да не го прави тоа. Да научи да ги разочара луѓето кога не се согласува со нив за потоа во животот тоа да не ја заплашува.
Да се воспита мало девојче да израсне во силна, самоуверена и успешна жена е задача која секоја мајка (што има ќерка) си ја задава себеси.
Некои работи мора да ги направите правилно за вашата наследничка еден ден да ви благодари за тоа што израснала во цврста и успешна личност.
Како да воспитате силна ќерка - што треба да ја научите?
Да се држи до тоа што го мисли
Ако следењето на правилата ѝ изгледа бесмислено, тогаш да не го прави тоа. Да научи да ги разочара луѓето кога не се согласува со нив за потоа во животот тоа да не ја заплашува.
Не треба во детството да ја учите само да се смешка и да се вклопи во околината. Во ред е да сака да направи промена со своето делување, работа и со почит на другите да им каже дека за нешто не се согласува со нив.
Да биде свесна дека никој нема да дојде да ја спаси
Иако е ваша принцеза, не треба да мисли дека еден ден ќе дојде принц кој ќе ја спаси. Мора сама да го прави тоа, мора да работи, да менаџира со пари, да има цврсти критериуми за тоа како другите ја третираат и што значи здрава врска.
Да знае дека е подобро да почека за да пронајде вистински партнер, отколку да биде со погрешен и да го трпи. Мора да знае дека таа си е доволна и дека не ѝ е потребен херој.
Да знае дека другите ќе ѝ судат, без разлика дали ќе успее или ќе доживее пораз
Мора да знае дека во животот и ќе победува и ќе губи и најважно е тоа да го прави со достоинство.
Таа треба да е свесна колку труд вложила во нешто и дека дури и да не успеала во тоа, за пофалба е што направила сè што е во нејзина моќ.
Да е свесна дека стравот е парализирачка особина кога станува збор за носење на одлуки
Не треба да се плаши да истапи, да биде лидер, да се качи на месечината. Не треба да се плаши да носи одлуки, базирани на нејзиното мислење, а не на ставовите на околината.
На моменти во ред е да аплаудирате на дете, кое прави потег на кој возрасните не аплаудираат, тоа значи дека тоа дете е бестрашно, има индивидуалистички пристап кон работите и во животот ќе израсне во силна личност.
Да знае дека интуицијата е попаметна од егото
Егото не нè прави среќни и секоја победа на нашето его не е добра за нашата душа.
Понекогаш треба повеќе да ѝ се верува на интуицијата, на тој внатрешен глас кој го покажува вистинскиот пат.
Кога интуицијата за нешто ни вели дека не е правилно, тогаш тоа најверојатно не е правилно.
Да се биде сама е подобро, отколку да се прави компримиси околу стандардите
Ова е вистина на секое поле, и во пријателствата и во љубовта. Неколку вистински пријатели вредат повеќе од десетици лажни. Да не зборуваме пак за љубовта...
С. С. | Црнобело