Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Јас сум мајка со вишок килограми и се шетам гола пред моите ќерки – грешам ли?“

„Како дете ретко ги гледав моите родители голи, па дури и кога мајка ми се пресоблекуваше таа секогаш ми го вртеше грбот. Ако влезев во тоалетот додека таа завршуваше со бањање, веднаш се криеше со пешкир...“

jas-sum-majka-so-vishok-na-kilogrami-i-se-shetam-gola-pred-moite-kjerki-gresham-li-01.jpg

Кели Бурч од Бостон е мајка на две ќерки, која вели дека спие гола и често пред нив се шета гола, особено затоа што живеат во рурално место и нема потреба да се плаши дали некој од соседите ќе ја види преку прозорецот.

Покрај тоа што ужива во овој тип на комфор, таа вели дека целта ѝ е нејзините ќерки да видат колку пријатно таа се чувствува во нејзиното плус-сајз тело.

jas-sum-majka-so-vishok-na-kilogrami-i-se-shetam-gola-pred-moite-kjerki-gresham-li-02.jpg

„Сакам да видат како си го прифаќам опуштениот стомак и крупните бутови и да ги научам дека без разлика како изгледаат нивните тела, тие се убави тела и заслужуваат љубов и внимание“, вели Кели.

„Како дете ретко ги гледав моите родители голи, па дури и кога мајка ми се пресоблекуваше таа секогаш ми го вртеше грбот. Ако влезев во тоалетот додека таа завршуваше со бањање, веднаш се криеше со пешкир.

Бев фасцинирана од нејзиното тело и љубопитна да го видам за да знам како ќе изгледам кога ќе пораснам. Ги ѕиркав и стриите и темите брадавици на градите и се прашував дали и моето тело ќе се промени на тој начин.

Но, знаев дека има една голема разлика. Мојата мајка беше слаба, а јас бев полничка уште како дете. Уште тогаш добив впечаток дека ќе морам да го кријам моето опуштено стомаче.

Цел живот имав комплекси, но на факултет сфатив дека моето тело е силно, вежбав и престанав да се оптоварувам со бројките на вагата.

Почнав да спијам гола за да создадам квалитетна врска со него, па дури и позирав гола.

Си ја вратив љубовта кон телото, која ми ја украде општеството кое негативно гледа на плус-сајз телата.

Кога се вселив со сопругот, не размислував двапати за дали да почнам да се шетам гола – го направив тоа.

Кога добив деца, исто така, сакав да видам колку ми е убаво во сопственото тело, без разлика како изгледа тоа.

Не знам како тие ќе изгледаат кога ќе пораснат, но јас сакам да научат да се сакаат во каква и форма и да се. Можеби срамот од моето тело кој го чувствував во голем дел од мојот живот ме натера на ова за тие да не минат низ истото, можеби грешам, не знам, но јас сакам да им покажам дека не се срамам од своето тело и дека не треба ни тие, никогаш.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Моите деца ги сакам помалку сега кога се тинејџери - Зошто се чувствувам така?“ „Ми недостигаат деновите кога моите деца ми даваа безрезервна љубов, но уште пов...
„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите о... „Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде бал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg