Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајка е мета на критики откако ѝ ставила обетки на ќерката 2 дена по раѓањето (фото+видео)

„Обетките ѝ ги ставија лекарите, на вториот ден по раѓањето, таа не почувствува никаква болка“ – тврди мајката која наиде на критики откако објави видео од својата ќерка. Дали е во ред да се ставаат обетки на толку мало бебе?

majka-e-meta-na-kritiki-otkako-i-stavila-obetki-na-kjerkata-stara-2-dena-foto-video-01.jpg

За ставањето обетки на малите девојчиња постојат подвоени мислења. Додека едни сметаат дека е подобро да се почека детето да биде доволно возрасно и само да изрази желба доколку сака да носи обетки, други тоа го прават уште додека нивните деца се бебиња.

Така Џулија Тика (24) од Романија наиде на голем број критики откако објави видео од нејзината новородена ќерка.

Мајката сакаше да покаже дека нејзиното девојче се родило со бујна коса и дека таа коса не паднала во наредните четири месеци како што многумина веруваат, а нејзините следбеници, освен што ја обвинија дека користи филтери на видеото, почнаа да ја критикуваат за еден друг детаљ.

Имено, на многумина им пречеше тоа што малата Лара уште во болничкото креветче, на вториот ден по раѓањето носи обетки.

„Дали е нормално да му ставиш обетки на толку мало бебе, Зошто не си почекала таа да порасне и да ти каже дека сака обетки, Како мајка јас сум против обетките... Тоа е нејзино тело и таа самата треба да одлучи дали сака да носи... Сепак, бебето е преубаво“ – ова се само дел од коментарите што се најдоа под видеото.

majka-e-meta-na-kritiki-otkako-i-stavila-obetki-na-kjerkata-stara-2-dena-foto-video-02.jpg

Сепак, мајката одлучи да им одговори на сите критичари и ја оправда сопствената одлука.

„Кога имаат 2 или 3 дена не ја чувствуваат болката, како што ја чувствуваат кога имаат 2 или 3 години. Ушите им ги дупнуваат лекарите во болница, непосредно по раѓањето. Тогаш увото е многу помеко и не чувствуваат болка. Воопшто немаше никаква реакција“ – тврди мајката и додава дека тоа обично се прави на вториот или третиот ден по раѓањето.

majka-e-meta-na-kritiki-otkako-i-stavila-obetki-na-kjerkata-stara-2-dena-foto-video-03.jpg

Други следбеници, пак, не сфаќаа зошто толку голема врева се крева за обетките. Тврдат дека и самите добиле обетки кога биле бебиња и не се сеќаваат на ништо.

Што мислите вие, во ред ли е на бебињата да им се ставаат обетки веднаш по раѓањето?

Дали треба да се мисли само на болката или пак треба да се земат предвид и другите фактори: дека обетките се ситни и некогаш може да паднат, дека може да се закачат на облеката на бебенцето и на крај дека децата треба сами да одлучат дали и кога сакаат да носат обетки?

Погледнете го видеото:

@laraticaofficial ??? ???? ???? ??? ???? ???????? ??? ????? ???? ????? #foryou ♬ In The Stars - Benson Boone

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Бебе мое, јас те нишкав за да заспиеш, а сега трчаш низ куќата како да е твоја и стануваш мало чове... Гледам како растеш, но тоа е толку чудно... затоа што сум со тебе секој ден. Ког...
5 искрени детски реакции кои ќе ве насмеат до солзи „Мојата мала ќерка го разгледуваше нашиот свадбен албум и се воодушевуваше на ве...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg