43 работи што секоја мајка треба да ѝ ги каже на својата 18-годишна ќерка

Никогаш немој да испраќаш онлајн пораки што можат да ти ја нарушат репутацијата. Дури и ти да ги избришеш, некој друг можеби ќе ги зачува.

go-imash-samo-segashniot-mig-pa-uzhivaj-vo-nego-43-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-18-godishna-kjerka-01_copy.jpg

Периодот околу 18-тиот роденден е време на големи животни промени. Не само што стануваме легално полнолетни, туку почнуваме да го градиме нашиот живот, треба да донесеме важни одлуки и да се соочиме со светот на возрасните.

Ова е период кога поддршката од родителите ни е можеби најпотребна, а нивните совети се повеќе од добредојдени.

Ако сте мајка на девојка која е во овој период од животот, нормално дека сакате да ѝ помогнете и да ја подготвите што е можно подобро за животот што ја чека.

Што треба да ѝ кажете на вашата 18-годишна ќерка?

1. Најпрво сакај се себеси.

2. Животот не е како средно училиште. Биди подготвена.

3. Некои девојки и жени се едноставно злобни. Но, не им обрнувај внимание и продолжи да одиш со крената глава.

4. Ако најдеш вистински пријател, чувај го и грижи се за него без разлика колку сте далеку еден од друг.

5. Материјалните нешта нема да те направат среќна.

6. Не им суди на другите, ама очекувај да ти судат тебе. Но, како што реков, продолжи да одиш со крената глава.

go-imash-samo-segashniot-mig-pa-uzhivaj-vo-nego-43-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-18-godishna-kjerka-02.jpg

7. Добро запознај ја твојата баба и често зборувај со неа.

8. Не секој проблем значи крај на светот.

9. Внимателно избирај ги своите битки – не вреди да се бориш за сè.

10. Не се споредувај со другите, никогаш нема да има друга личност како тебе.

11. Без разлика колку си вљубена во некого, немој да го изгубиш своето јас.

12. Истапувај за себе – најди го својот глас и користи го.

13. Научи го зборот „Не“ и користи го без чувство на вина.

go-imash-samo-segashniot-mig-pa-uzhivaj-vo-nego-43-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-18-godishna-kjerka-03.jpg

14. Сама ја пишуваш твојата приказна – исполни ги страниците со среќа.

15. Немој да трчаш по некој маж. Вистинскиот ќе те најде и ќе биде тука за тебе.

16. Научи да ги прифаќаш комплиментите од другите и пробај да веруваш во нив.

17. Секогаш биди искрена! Вистината боли само кога треба.

18. Научи како да бидеш среќна во своја кожа и уживај во своето друштво.

19. Никогаш немој да се плашиш да зборуваш со страст за нешто што го сакаш.

20. Во ред е да не се согласуваш со другите за некои работи.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg