43 работи што секоја мајка треба да ѝ ги каже на својата 18-годишна ќерка
21. Читај сè што ќе најдеш. Знаењето е моќ.
22. Ти не си ничија сопственост.
23. Никогаш немој да испраќаш онлајн пораки што можат да ти ја нарушат репутацијата. Дури и ти да ги избришеш, некој друг можеби ќе ги зачува.
24. Помагај им на другите безусловно. Добрите дела носат среќа.
25. Секогаш верувај им на твоите инстинкти.
26. Биди добра кон другите.
27. Не те дефинираат твоите зборови, туку твоите постапки.
28. Немој да ги криеш твоите чувства и најди начин да ги искажеш.
29. Пробај да го видиш убавото во сè.
30. Носи крем со заштитен фактор!
31. Остани во контакт со луѓето коишто те сакаат.
32. Плачи кога имаш потреба од тоа и најди сила во твоите солзи.
33. Смеата е добра за душата…
35. …исто и гласната музика. Па, пушти ја на најсилно и танцувај!
36. Зборовите можат да направат многу добри, но и лоши работи. Избирај ги внимателно.
37. Ако се извиниш прва, не значи дека си слаба.
38. Работи напорно. Осигури се дека секогаш можеш да се издржуваш сама.
39. Знам дека некогаш ме мразиш, но не заборавај дека јас секогаш ќе те сакам.
40. Ти си доволно добра!
41. Можеш да ми кажеш што било, кога било. Јас сум секогаш тука за тебе.
42. Ти си убава – не дозволувај никој да направи да се сомневаш во тоа.
43. Живеј во моментот. Немаш контрола над вчера или утре. Сè што имаш е само овој момент, па уживај во него и биди среќна.
Спирова С. | Црнобело