„Ме критикуваат дека го дојам синот на 2 и пол години - го болат забите, морам да му помогнам“
„Го болат забите, ова е најприроден начин за да му помогнам“ – вели оваа мајка од Англија откако одлучи да им одговори на нејзините следбеници што ѝ упатуваа негативни коментари затоа што сè уште го дои синот на 2 и пол години.
Кога треба да се престане со доење? Некои мајки се одлучуваат да ги дојат своите деца во целата прва година од животот, други ги одбиваат порано, а трети пак продолжуваат со доење многу подоцна.
Даниел Фејси од Англија на својот ТикТок профил thebreastfeedingmentor се обидува да го нормализира доењето на децата во третата година од животот.
@thebreastfeedingmentor The first ever World Breastfeeding in Public Day is on 22.02.22 - head to my Facebook or Instagram for details ❤️❤️❤️ #valentinesday #detailing #fashionforyou #breastfeadingmomma #breastfeedingisnatural #breastfeedingthoughts ♬ So My Darling (Acoustic) - Rachel Chinouriri
Таа објави видео на кое покажува како го дои 2 и пол годишниот син и реши да им одговори на оние што постојано ја прашуваат зошто го дои сè уште.
„Тој има 2 и пол години и има големи болки поради катниците (забите) што му растат. Парацетамолот не му помага, а исто така не сака да ги користи прстените за заби што му ги купивме“ – вели таa.
Даниел објаснува дека за да му помогне да ја ублажи болката на синот одлучила наместо 2-3 пати, да го дои повеќепати во денот.
„Како што можете да видите, среќна сум што можам да му помогнам да му помине болката на најприроден начин и тоа е привилегија што не може да ја има секој. Со оглед на тоа дека тој е мој син, а ова се мои гради, сметам дека јас треба да одлучам кога треба да престанам со доење“ – вели оваа мајка.
Освен негативните коментари Даниел доби и голем бројни позитивни коментари од следбеници кои сметаат дека нема потреба да се осудуваат мајките што одлучуваат да ги дојат децата и во третата година од животот.
Погледнете го видеото:
@thebreastfeedingmentor Follow @thebreastfeedingmentor on Instagram for daily breastfeeding empowerment, tips & support ❤️ #breastfeadingmomma #breastfeedingisnatural #breastfeedingthoughts #breastfed #breastfedtoddlersoftiktok ♬ Packs and Potions - HAZEY
Б. С. Б. | Црнобело