„Со сопругот бевме несреќни, па одлучивме да живееме во посебни станови и да не ги делиме парите - што се промени?“

„Тоа што живееме со сопругот во одделни станови, целосно ми го промени животот и ми помогна да ја подобрам кариерата“ – тврди Сана Акханд, која се соочи со голем број критики заради ваквата одлука на социјалните мрежи.

so-soprugot-bevme-nesrekjni-odluchivme-da-zhiveeme-vo-posebni-stanovi-i-da-ne-gi-delime-parite-01.jpg

Сана и Аднан Акханд од Њујорк се во брак, но не живеат заедно и не ги делат финансиите. Како тоа се одразило на нивните животи и возможно ли е воопшто да се одржи брачната заедница со таков начин на живот?

Сана Акханд (32) објави видео на ТикТок во кое објасни како ваквата одлука влијаела врз нивните животи.

„Од моментот кога го разменивме првиот бакнеж до моментот кога стапивме во брак помина една година и три месеци. Во нашата култура ако сте завршиле колеџ, следниот чекор е брак“ – вели таа.

Во видеото таа појаснува дека заедно живееле 6,5 години пред да одлучат дека становите се премногу мали и најдобро е да живеат во одвоени станови.

„Направивме наши правила во согласност со тоа што е најдобро за нас и за нашата љубовна приказна“ – вели таа.

View this post on Instagram

A post shared by Sana (@sanaakhand)

Таа раскажува дека во првите неколку години од бракот и двајцата западнале во традиционалните улоги на маж и жена во бракот и воопшто не биле среќни.

Поради финансиските проблеми и постојаните обврски околу домот, почнале сѐ помалку да излегуваат со пријатели, а и страста помеѓу нив почнала да згаснува.

„Живеевме еден за друг, а не за себеси. Си доаѓав дома, пиев вино и си легнував. Бев преморена, а тој работеше од дома и по цел ден ме чекаше да си дојдам“ – раскажува таа.

Првиот чекор што го направиле за да ги подобрат односите бил во 2018-та година, кога дале отказ на работа и тргнале на патување околу светот. Но, со отпочнувањето на светската пандемија работите се влошиле и тие двајцата почнале да бараат начин како да си обезбедат повеќе простор.

На крај Аднан ја прашал: „А што ќе се случи ако повторно почнеме да се состануваме?“

Така, во октомври одлучиле да се преселат во одвоени станови. Во моментов нивните финансии се одвоени, а се гледаат неколкупати неделно како момче и девојка. Во меѓувреме тие двајцата се фокусирани на тоа да ги изградат сопствените кариери.

„Целосно ни се промени животот. Кога и да треба да спијам кај него сакам да бидам сигурна дека носам секси долна облека. Кога треба да се видиме по долг ден на работа мошне сме возбудени, а во минатото велевме: ‘Денот ми беше лош, те молам остави ме’“...

Иако, очекувале дека ќе имаат позитивни коментари, сепак, голем број од нејзините следбеници упатиле критики.

„Имате пари за две кирии, а не за поголем стан?“, „Ако не можете да живеете заедно, не сте еден за друг“, „Што ќе се случи ако имате деца“ – се само некои од коментарите што следеа по нејзината објава.

Сепак, тие велат дека размислуваат повторно да живеат заедно и дека најверојатно тоа ќе го направат по максимум три години.

„Навистина беше страшно на почетокот. Но, не можам да го живеам животот врз туѓи правила затоа што тогаш не го живеам мојот живот, туку некој туѓ живот и не сакам еден ден да жалам дека нешто не сум успеала да направам“ – вели Сана.

Погледнете го видеото на Сана во продолжение:

@sanaakhand

This is your sign to make your own rules ?

♬ Spell to attract the right folk friends and loves - West Oxking

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg