„Јас сум мајка на 3 деца и им давам да седат на телефон колку сакаат“
Од осудувачки коментари од типот „И ова ли се нарекува родител?“ до зборови полни разбирање од типот „За да преживееш со 3 деца мора вака“... Им го ограничувате ли вие на вашите деца времето минато пред електронски екрани?
Шибан Стивенсон oд Лондон е мајка на 3 деца која со начинот на кој ги расте децата ги подели мислењата на социјалните мрежи.
Таа вели дека нема строги родителски правила и вели дека тоа ѝ е сосема во ред сè додека функционира за неа и нејзините деца.
Едно од правилата кое најмногу ги разлути другите мајки е дека на нејзините две ќерки и синче им дозволува да седат на телефон и да гледаат телевизија колку сакаат.
Таа не им го лимитира времето минато пред електронските екрани. Вели дека тие често дури и за време на оброците имаат таблет на маса пред себе.
Стивенсон вели дека покрај ова, не им е ограничена и количината на слатки што смеат да ги изедат.
Многумина ја осудија со коментари од типот: „Затоа после децата во денешно време не знаат да разговараат“, „Обиди се да комуницираш со своите деца“, „Зошто си горда, збунета сум...“, „И ова ли се нарекува родител?“ итн.
Но, имаше и неколку охрабрувачки коментари од типот: „Сите родители знаеме на ваков начин да си го олесниме животот некогаш“, „Ова ми е во ред, сè додека децата се нахранети, чисти и стоплени“, „За да преживееш со 3 деца мора вака“...
Што мислите вие?
@siobhanstephenson__ VIP member at the @shit_mums_club ?? #foryou #shitmumsclub #mum #mumlife ♬ Che La Luna - Louis Prima
@siobhanstephenson__ You all loved the last one here’s another ? really outing myself now lmao ? #foryou #mum #mumlife #shitmumsclub #justsurviving ♬ Che La Luna - Louis Prima
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com