„Зајче без опавче“, „Роденден“ – Со стиховите на Васил Куноски растевме ние, а растат и нашите деца

БЕГАЈ, ЕЛЕНЧЕ

Бегај, бегај, еленче,
ловецот е тука,
на тебе нанишанил,
на тебе ќе пуќа.

Скриј се, скриј се в грмушка,
не мрдај и ќути,
тебе тој не те гледа,
затоа се лути.

Дома ќе си отиде
невесел и тажен -
само друг пат, еленчо,
не прави се важен.

zajche-bez-opavche-rodenden-so-stihovite-na-vasil-kunoski-rastevme-07.jpg

ШТУРЧО

За на свадба штурче
добило покана:
- Ај, штурче, да свириш -
свадбари те канат.

- Би дошло - им рекло
- ама ми е срам,
зашто на тамбурава
една песна знам.

Штур-штур пеам,
пеам секој час,
и дење и ноќе
сѐ на еден глас.

zajche-bez-opavche-rodenden-so-stihovite-na-vasil-kunoski-rastevme-08.jpg

ЈУНАЧЕ

Јорданчо од градинка
штом се вратил денес,
нема рече никаде
појунак од мене!

Знаете ли што било,
Јорданчо е прав,
вели дека изел сам
за два-тројца грав!

zajche-bez-opavche-rodenden-so-stihovite-na-vasil-kunoski-rastevme-09.jpg

АЈ, НА ЗДРАВЈЕ

Настина Тина,
носе ѝ цеди,
што ли да прави,
што ли да реди?

Апче, лекче,
малку млекце,
или канче
топло чајче
- рече мајче.

Кивна Тина,
ај на здравје,
на настинката
- ај со здравје!

zajche-bez-opavche-rodenden-so-stihovite-na-vasil-kunoski-rastevme-10 (2).jpg

ЧУДЕН ВАСЕ

Васе ги распознава
скоро сите возила,
кога ќе ги зареди,
како да ги прозива.

- Еве фиќо, стојадин,
шкода, лада, југо,
кога е на улица,
не гледа во друго.

Но во тоа знаење,
има една мана,
уште не разликува.
спачек од дијана.

zajche-bez-opavche-rodenden-so-stihovite-na-vasil-kunoski-rastevme-11.jpg

НЕСРЕЌА

Ало, амбуланта,
овдека е Дара,
несреќа се случи,
брза помош барам.

Куклето ми падна,
рачето го чукна,
ножето го скрши,
главата му пукна.

Ало, амбуланта,
лекар да се прати,
ако треба пари,
тате ќе му плати.

zajche-bez-opavche-rodenden-so-stihovite-na-vasil-kunoski-rastevme-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg