Како да ги натерате децата да јадат повеќе овошје и зеленчук?
Поради некоја причина, многу деца воопшто не сакаат да јадат зеленчук и овошје. Голема е веројатноста и вие да сте спаѓале во оваа категорија кога сте биле мали.
Но, бидејќи разновидната исхрана е неопходна за здравјето на децата, родителите секогаш бараат начин да ги натераат нивните малечки да јадат повеќе овошје и зеленчук.
Ако и вие се обидувате да го направите тоа, но никако не ви успева, можеби ќе ви помогнат следниве седум трикови:
Купувајте намирници заедно со детето
Обидете се да го вклучите и детето во купувањето намирници. Уште подобро е ако го однесете на пазар, каде што главно има овошје и зеленчук, па тоа само да си одбере што сака.
Кога детето само ќе одбере некоја храна, поголема е веројатноста и дека ќе ја изеде.
Сосовите и преливите за салати можат да направат чуда
Кога ќе ѝ ставите прелив на салатата таа можеби ќе има повеќе калории, но со тоа ќе ѝ го подобрите вкусот и полесно ќе го убедите детето да ја изеде.
Ако детето никако не сака да јаде зеленчук, пробајте да му го давате со разни сосови и преливи, а ако сте загрижени за калории и шеќери, можете да ги направите и сами.
Правете ги оброците забавни
Ако имате повеќе слободно време, искористете ја креативноста и поработете на изгледот на оброците - комбинирајте намирници со разни бои, направете оброкот да изгледа како некој лик…