Како да ги натерате децата да јадат повеќе овошје и зеленчук?
Дозволете им на децата сами да си ја комбинираат храната
Наместо вие да му ја наполните чинијата на детето, дозволете му само да одбере од што сака да си стави. Како што напоменавме – поголема е веројатноста детето да го изеде оброкот ако само си ја одбрало храната.
За овој трик да биде поуспешен, дајте му на детето да избира само од здрави намирници. На пример, на масата ставете зелена салата, брокула, печени компири и слично, а тоа нека одлучи од што ќе си стави во чинијата.
Вклучете ги децата во готвењето
Кога имате повеќе време, дозволете му на детето и тоа да учествува во процесот на готвење. Нормално, приготвувањето на оброкот сигурно ќе трае подолго, но кога детето само ќе си направи нешто здраво, сигурно ќе сака и да го изеде.
Ставајте овошје и зеленчук на масата, без разлика што детето не ги јаде
Можеби на почетокот детето нема ни да ги допре овошјето и зеленчукот, но со текот на времето ќе сфати дека тие се важен дел од секој оброк. Како што расте, поверојатно е дека ќе почне да јаде и од нив.
Правете здрав ручек за целото семејство
Немојте да правите еден ручек за вас, а друг за децата. Дури и ако нарачувате храна или јадете во ресторан, најдобро е целото семејство да го јаде истиот здрав оброк. На овој начин детето нема да негодува и да ве прашува зошто вие јадете тестенини, а тоа мора да јаде зеленчук.
Истовремено, ова е одличен начин да обрнете внимание и на вашата исхрана.
Спирова С. | Црнобело