11 методи на воспитување кои ги практикува Анџелина Џоли

Ги носи децата во конфликтни зони, не постојат предрасуди, ги учи на различности и ги тера да јадат тарантули – чудниот стил на одгледување деца на Анџелина Џоли.

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie-01.jpg

Анџелина Џоли е една од најобожаваните, но и најконтроверзните ѕвезди, а дефинитивно, не е обична мајка како сите останати.

Прекрасната актерка е мајка на 6 деца и во последниве години посебно е посветена на сите нив.

Таа е свесна дека нејзиниот начин на одгледување на децата е чуден за многумина и неприфатлив, но смета дека за неа тоа е правилно и нејзините деца се среќни.

Чудни методи на воспитување на кои другите родители ѝ се чудат на Џоли:

1. Промовира диверзитет – од културни разлики до избирање пол.

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie02.jpg

2. Уметничките активности им помагаат на децата за одредени вештини и способности, а Анџелина редовно ги носи на изложби и филмски премиери.

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie03.jpg

3. Ги учи да покажуваат љубов кон животните и преку домашни миленици ги учи на одговорност.

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie04.jpg

4. Таа е феминист и се бори за родова еднаквост и женските права, па тие вредности се обидува да им ги пренесе на децата.

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie05.jpg

5. Додека најголем дел од мајките се породуваат каде што живеат, Анџелина ја роди Шајло во Намибија, а Вивиен и Нокс се родени во Франција.

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie06.jpg

6. Се труди нејзините деца да се хранат здраво, а често знае да подготви необични специјалитети како пајаци и скорпии.

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie09.jpg

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie08.jpg

7. Уште додека беше со Бред Пит, никогаш не им беше проблем да патуваат заедно со сите деца, а има изјавено дека ги обожава фамилијарните одмори.

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie10.jpg

8. Ги учи децата да бидат хуманитарци уште од мали и им вродува љубов кон хуманоста и помагањето.

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie11.jpg

9. И покрај тоа што сака да биде со сите деца заедно, смета дека секое дете треба да поминува време само со неа.

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie12.jpg

10. Иако е позната, кога шета по улица или во маркет, таа се однесува како да е сосема обична личност која излегла да пазари заедно со децата.

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie13.jpg

11. Им дозволува на децата да прават хаос и не ги тера постојано да средуваат, бидејќи хаосот поттикнувал организациски вештини.

11-metodi-na-vospituvanje-koi-gi-praktikuva-andjelina-jolie14.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Бебињата на Скандинавците спијат надвор, во Кина не носат пелени - 5 необични методи на воспитување ... Во Индија и други азиски земји се практикува спиење со децата во ист кревет – ка...
Босански психолог: „Денешните родители ретко наоѓаат време за децата, па ги обвинуваат наставниците ... „Воспитувањето бара време, бара труд и бара работа, првенствено врз себе, а дури...
Правила за воспитување на децата што може да ги научиме од Данците Не постои правило ниту дефиниција по која би можеле родителите да го воспитуваат...
Грешки во воспитувањето што ги прават модерните родители „Ги потценуваат. Децата на 9 или 10 години се многу попаметни отколку што луѓето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg