Правила за воспитување на децата што може да ги научиме од Данците
Не постои правило ниту дефиниција по која би можеле родителите да го воспитуваат своето дете кое треба да порасне во личност која, пред сè, ќе биде одговорна, самоуверена и ќе ги почитува останатите. Но, дефинитивно можеме да научиме многу од Данците на оваа тема.
Родителството можеби е една од најтешките работи која со себе носи голема одговорност.
Данска е на врвот кога станува збор за начинот на воспитување на децата.
Таа редовно е на врвот на рангирањето на УНИЦЕФ за среќа, образование и еднаквост со највисоки стапки на благосостојба на глобално ниво.
Додека одредени родители се однесуваат премногу заштитнички кон децата, други користат казна како метод за воспитување, во Данска родителите тоа го прават на многу поразличен начин кој секако може да послужи како инспирација.
Родителите во Данска ги учат децата на соработка, доверба и соодветно расудување, па оттука тие растат во среќни и стабилни возрасни луѓе.
Тука децата не започнуваат училиште пред да наполнат шест години, а до осмата година учат да ги искажуваат своите чувства бидејќи се смета дека со помош на јавното говорење тие стануваат посигурни во себе.
До осмата година, децата не читаат, а тоа е резултат на истражувањата кои покажуваат дека притисокот врз децата да читаат прерано предизвикува стрес и оние кои подоцна почнуваат да читаат, лесно ги достигнуваат, па дури и ги надминуваат оние што читаат порано.
Интересно е дека до 11 години, децата иако одат на училиште, немаат тестови, домашна задача, ниту оценки.
Ова е така бидејќи данскиот систем се заснова на настава заснована на интерес, а со тоа децата „учат да размислуваат – а не само да решаваат тестови за оценки“.
Наставната програма дава приоритет на тимската работа и градењето емпатија, а не на индивидуалните достигнувања.
Иако многу родители сметаат дека доколку му дадат комплимент на детето тоа ќе се чувствува посигурно, сепак на долг рок тоа може да влијае и врз егото.
Наместо комплимент, тие разговараат со детето и поставуваат прашања, бидејќи тоа е клучно за тие да почувствуваат дека се грижиме за нив.
Данците ги учат децата дека не е важно што другите мислат за нив, туку ги учат на самопочит.
Слободата која ја имаат децата од своите родители е исто така од големо значење за правилно воспитување.
Децата во Данска имаат целосна независност, а според родителите, слободната игра е клучот за среќното детство.
Во Данска родителите ги поттикнуваат децата да играат слободно и на детето му е дозволено да ги следи своите интереси без родителска контрола.
Бидете искрени со децата. Доколку добиете одредено прашање од детето со него разговарајте отворено без да криете нешто.
Не треба да им читате приказни само со среќен крај, децата треба да го развијат и чувството на тага.
Оставете го само да го реши проблемот.
Ако детето е во конфликт со друго дете подобро е да го оставите само да се справи наместо да се вмешате вие како родител.
Не бидете премногу заштитнички настроени, бидејќи така го учите детето секогаш да се потпира на вас, наместо само да најде решение за својот проблем.
Поминувајте повеќе време заедно. Излезете во природа, играјте заеднички игри.
Она што го практикуваат сите во Данска е почитувањето на времето.
На вработениот родител му е дозволено да замине од работа за да ги земе децата.
Најголем фактор за правилното воспитување е заедничкиот ручек. Идејата да се седне и да се јаде како семејство е високо ценета во Данска.
Повеќето дански домови се собрани околу трпезариската маса со цел да се даде приоритет на семејните оброци.
В. К. | Црнобело/ фото: pexels.com