Јас само сакав...

Знаеш ли колкава болка кријам во себе? Дали си свесен колку многу морав да поднесам, а не бев дизајниран да функционирам на тој начин?

jas-samo-sakav-01

Дали знаеш колкава тежина имав на своите раменици, уште пред да научам да одам, а беше тоа тежина предизвикана од твоите зборови и дела. Тежина која никогаш не смееше да дозволиш да се најде на мојот грб, барем јас не би дозволил мое дете да ја носи.

Всушност ниту еден родител не би дозволил, но ти, ти дозволи.

Се губам помеѓу твоите навредливи зборови упатени на моја адреса, обидувајќи се да сфатам каде јас згрешив, сакајќи да бидам оној совршениот кој тебе ти требаше.

Пловам низ разбранети води само за да станам проекција на она што ти сакаше да го видиш во мене, а виде многу повеќе, но не ти беше доволно.

Живеам за да го слушнам твоето искрено навивање за мене, за синот твој кој треба да ти биде гордост најголема, но нема. Твојот глас го нема кога најмногу ми треба.

Ти се појавуваш само кога ќе слушнеш дека твојата успешно всадена сперма постигнала некаков успех, за да бидеш тука и да се биеш во градите, кажувајќи дека оној чие име се спомнува е твоја сопственост.

А, додека тој твој посед лее солзи или корне коси за да го постигне сето тоа, тебе те нема.

Немаш слух за неговите жалби, ниту за неговите идеи. Не сакаш да ги прифатиш неговите сфаќања, кои можеби не се совршени, но зарем ти најде да судиш за совршенство?

Не знам од кој прирачник си го читал поглавјето за одгледување, но нешто си испуштил, бидејќи ти само покажуваше како НЕ треба да се третира сопственото чедо.

Мислиш дека си бил добар родител зошто си бил тука секогаш кога ми требале пари, си ги покрил трошоците на еден паразит кој зависно цицал од твојата крв.

Само дозволи ми да прашам, кој е виновен за настанокот на суштеството кое често знаеш да го наречеш паразит? Самиот паразит или оној кој си поиграл со нечии органи и чувства?

Само сакав да имам татко крај себе, кој ќе знае да ми даде вистинска родителска љубов, а не фиктивен родител кој само е принуден да биде моја финансиска поддршка.

Само сакав да бидеме тим, еднаш да ме фатиш за рака и да кажеш дека се гордееш со мене, да ги прифатиш моите успеси, да бидеш тука кога солзите се солени и прават душата да затрепери од толку липање.

Само сакав да ми се насмевнеш и да признаеш дека сум успеал, да ме поддржиш и да ме охрабриш.

Можеби моите идеи делуваат сосема лудо, но ти требаше да бидеш тука и да го одобриш лудилото, верувајќи во мене, требаше, ама никогаш те немаше.

Само сакав да бидам над сите и успевав, секој подвиг,секоја идеја беше мој мал чекор до еден голем успех, но ти никогаш не признаваше, секогаш имаше погрдни зборови и лажни насмевки, маска која вешто ја носеше пред другите.

Само сакав трошка среќа и мир во твоја близина, која никогаш не ја добив. Си мислам животно да бев, подобро ќе бев прифатен од своето стадо.

Сакав да се смеам во твоја близина, ама ти секогаш се грижеше јас да имам тежина на душата и киселост на лицето.

Само сакав да почувствувам некаква топлина, ама место тоа ја чувствував твојата сила претопена во секакви удари упатени на моја адреса. Сакав да ме прифатиш, бидејќи бев твој, но ти беше посветен на целосно отфрлање, спремен да ме оставиш во секој момент.

Само сакав да бидам совршен за тебе, сакал ти или не, јас успевам, но за жал ти си слеп за да го видиш сето тоа.

Затоа немој да бидеш зачуден кога засекогаш ќе заминам.

Тогаш не ги барај овие очи кои имаа сјај за една поврзаност која никогаш не постоеше.

Тогаш ќе сфатиш што си изгубил....

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg