Видео со над 6 милиони прегледи: Предвремено родени близнаци се држат за раце
Видеото на Антеа Џексон-Рашфорд ги прикажува нејзините предвремено родени близнаци Кристијана и Кристијан како се држат за раце додека нивниот татко ги чува на своите гради.
Близнаците се родени на 3-ти јануари по 28 недели бременост, што значи дека се отприлика 11 недели родени порано.
Видеото на Фејсбук прегледано е повеќе од 6 милиони пати.
„Како е ова возможно?“ – прашува мајката од Австралија која ја држи камерата и гледа кон своите деца кои покажуваат длабока поврзаност уште на најмала возраст.
„Како што можете да забележите, не можат да престанат да се држат за раце“ - вели мајката во една објава каде јасно можете да забележите како близнаците се држат за раце:
As you can clearly see, they can't stop holding hands!!
Н. Г. | Црнобело