11 проблеми со кои се соочуваат луѓето кои не добивале „те сакам“ во детството

„Зошто не сум сакан, што е погрешно со мене, мора да има проблем“ се прашањата кои ги мачат луѓето кои не добивале „те сакам“ во детството и затоа тие имаат ниска самодоверба.

lugjeto-koi-ne-dobivale-te-sakam-vo-detstvoto-imaat-11-problemi-vo-zhivotot-kako-vozrasni-01.jpg

„Те сакам“ се само два збора, но значат премногу, особено за едно дете.

Децата на кои постојано им се нагласува колку се сакани се чувствуваат вредно и ценето.

Тоа им помага да чувствуваат безбедност и во иднина да бидат самоуверени и да градат квалитетни врски со другите.

Но, што е со децата кои ја немаат среќата да добиваат „те сакам“ во детството, како ова влијае на нив во текот на животот како возрасни личности?

Проблеми со кои се соочуваат како возрасни:

Имаат ниска самодоверба

„Те сакам“ во детството е основа на стекнувањето темели и сознание за својата вредност. „Зошто не сум сакан, што е погрешно со мене, мора да има проблем“ се прашањата кои ги мачат и затоа имаат ниска самодоверба.

Константна потреба да признание од околината

Постојано ќе поставуваат прашања за да добијат потврда за себе и за својата важност како личност.

Претеруваат со задоволувањето на другите луѓе

Постојано сакаат да им се допаднат на другите со правење работи кои ќе ги задоволат нив. Сметаат дека така ќе ја добијат љубовта што им е потребна.

lugjeto-koi-ne-dobivale-te-sakam-vo-detstvoto-imaat-11-problemi-vo-zhivotot-kako-vozrasni-02.jpg

Недостиг на идентитет

Тие се претвораат во камелеон, според желбите на другите, и на моменти дури не знаат кои се.

Перфекционизам

Од детството започнува верувањето дека мора да бидат совршени во сè за да заслужат љубов.

Недостиг на граници

Тешко им е да постават граници и често мислат дека треба да им дозволат на луѓето да прават што сакаат за да им бидат допадливи.

Страв од одбивање

Се плашат да се прикажат во вистинското светло затоа што веруваат дека нешто не е во ред со нив и ги мачи страв од одбивање.

Страв од напуштање

Постојано се извинуваат и се погазуваат себеси само поради стравот да не бидат напуштени.

lugjeto-koi-ne-dobivale-te-sakam-vo-detstvoto-imaat-11-problemi-vo-zhivotot-kako-vozrasni-03.jpg

Емоционална повлеченост

Кога уште како дете немате родител кој ве опсипува со емоции, можно е да израснете во личност која не знае како да има функционални емоционални врски.

Проблеми со довербата

Дури и кога другите им изразуваат љубов тие не знаат дали да им веруваат.

Влегување во токсични врски

И додека едни ќе бегаат од врските, други ќе влетуваат во токсични врски само по цена да почувствуваат каков било тип на љубов, дури и кога таа е поставена на лоши темели.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg