Мали работи што родителите треба да ги прават – на децата им значат многу
Од најважните луѓе во нивниот живот, родителите, децата треба да слушнат дека се издржливи, способни и сакани...
Родителите се центарот на светот за нивните деца.
Но, за жал, мајките и татковците понекогаш може да бидат преокупирани со секојдневните обврски, притисокот на работното место, одржувањето на домаќинството и задачите околу децата.
Па, понекогаш забораваат дека она што на децата им е најважно не бара многу труд и време.
Родителите треба да знаат дека некои мали нешта може да им значат многу на нивните малечки.
7 мали нешта кои треба да ги прават родителите бидејќи на децата им значат многу:
Застанете и ислушајте ги децата
Наместо да потрошите повеќе време на телефон или пред компјутер, размислете дали сте одвоиле доволно време да ги слушнете најдлабоките чувства и грижи на вашите малечки.
Времето пред спиење е одлична можност за да се поврзете и активно да ги ислушате децата, без осудување или прекини.
Да бидете тука и да им понудите безусловна љубов и поддршка е сè што им треба на децата.
Повеќе прегратки
Истражувањата покажуваат дека повеќе гушкање помага во развојот на мозокот кај децата.
Децата кои добиваат многу прегратки, подобро знаат како да управуваат со своите емоции.
Запаметете дека секој има потреба од физичка врска за да се чувствува безбедно, видено и слушнато. Дури и на вас ви е потребна прегратка понекогаш, зарем не?
Забавете го темпото
Дозволете си да уживате во семејните моменти. Забавете го темпото и понекогаш оставете ги домашните обврски да бидат последни на листата.
За децата, малите моменти за декорирање на нивната соба или избирање алишта за претстојната забава, создава трајни спомени.
Читајте им
Читањето им покажува на децата дека се грижите доволно за да им го дадете вашето време, внимание и љубов.
Времето поминато во заедничко читање може да биде и релаксирачко и енергично. Новите приказни може да поттикнат разговори и да им помогнат на децата да споделат повеќе за она што им е важно.
Играјте ги нивните игри
Играта не е само фрлање топка. Играјте креативни игри со нив и она што тие го сакаат, па дури тоа да е и само половина час.
Направете си импровизирана претстава, седнете со нив и прашајте ги што им е интересно, започнете некој ваш креативен проект и покажете им на децата дека сте заинтересирани за нивните страсти.
Покажете им дека се сакани
Понекогаш родителите многу се загрижени околу тоа правилно да ги воспитаат децата, така што забораваат на моќта на позитивните афирмации.
Од најважните луѓе во нивниот живот, децата треба да слушнат дека се издржливи, способни и сакани. Па, кажете им: „Сакам да бидам со тебе“, „Горда сум што сум твоја мајка“, „Твоите идеи се многу креативни“ и слично.
Кажувајте им ја вистината
Родителите честопати сакаат да ги заштитат децата од одредени реални работи.
Но, на децата им треба искреност, па, соодветно на нивната возраст, споделете ги информациите и олеснете им ги грижите
. Кажувајќи им ја вистината на децата за тешките ситуации, им покажувате дека ги почитувате како индивидуи.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com