Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Привилегија е да ја видиш ќерка ти ‘склупчена’ на столче, додека ја слуша баба ѝ како ѝ чита приказни“

Привилегија е да си ги гледаш родителите како создаваат спомени со твоите деца и се постојано присутни во нивните животи додека тие растат.

privilegija-e-da-ja-vidish-kjerka-ti-sklupchena-na-stolche-dodeka-ja-slusha-baba-i-kako-i-chita-prikazni-01.jpg

Ех, каква привилегија е да гледаш како твоите родители стануваат баба и дедо!

Привилегија е да ја гледаш мајка ти како ги прегрнува твоите деца и да ја гледаш апсолутната блескава радост на нејзиното лице, која не се намалува воопшто и е иста како во моментот кога тебе, своето дете, првпат те држела во рацете.

Привилегија е да имаш татко кој секогаш се јавува со видео повик за да ги види своите внучиња и гордо ги споделува нивните слики и достигнувања со сите што ги познава.

Ох, каква привилегија е да ја слушаш мајка ти додека таа со тебе ги споделува приказните за сите предизвици што ги имала кога ве воспитувала тебе и твоите брат или сестра.

И да ја слушаш како го фали начинот на кој го правиш тоа сега.

privilegija-e-da-ja-vidish-kjerka-ti-sklupchena-na-stolche-dodeka-ja-slusha-baba-i-kako-i-chita-prikazni-03.jpg

Вистинска привилегија е татко ти да инвестира многу од своето време и енергија во иднината на твоите деца и да ти помага при нивното образование, интереси и активности.

Привилегија е да ја фатиш твојата ќерка седната „склупчена“ на столче, додека ја слуша баба ѝ како ѝ чита приказна, па да се сетиш како беше кога истиот тој глас и тебе ти читал приказни.

Колку голема привилегија е да ги затекнеш своите деца како танцуваат низ дневната соба додека нивниот дедо ја слуша омилената рокенрол музика од негово време.

privilegija-e-da-ja-vidish-kjerka-ti-sklupchena-na-stolche-dodeka-ja-slusha-baba-i-kako-i-chita-prikazni-02.jpg

Привилегија е да си ги гледаш родителите како создаваат спомени со твоите деца и се постојано присутни во нивните животи додека тие растат.

Привилегија е да гледаш како твоите родители стануваат баба и дедо, да ги гледаш низ призмата на мајчинството што го имаш сега и вистински да ги цениш жртвите што ги направиле за тебе, богатството на знаење што го поседуваат, ризницата од приказни што треба да им ја раскажат на внуците.

Колку скапоцена, исклучителна привилегија е да гледаш како твоите родители стануваат баба и дедо.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg