Кога не верувате во себе, тука се вашите мајки да го направат тоа за вас

Светот е сурово место за живеење, посебно кога сте дете и не знаете како да се обраните од сите препреки кои животот постојано ви ги поставува. Но, затоа тука се мајките, да се грижат за вас, да веруваат и да ви покажат дека во секој од вас се крие генијалец.

koga-ne-veruvate-vo-sebesi-tuka-se-va-ite-majki-da-go-napravat-toa-za-vas-001.jpg

Да не била упорноста и вербата на мајката на Томас Алва Едисон, светот денес сигурно ќе беше сосема поинаков.

Еден од најпознатите американски пронаоѓачи со изуми како фонографот, микрофонот, акумулаторот, електричната светилка и телефонот можеби немало да постигне ништо од тоа, да не била неговата мајка.

Еден ден малиот Томас си дошол од училиште носејќи ѝ на мајка си парче хартија, кажувајќи дека му го дала учителката и му кажала да не го дава никому освен на мајка си.

Можел да забележи како очите на мајка му се полнат со солзи како што таа го читала писмото на глас: „Вашиот син е генијалец. Ова училиште е премногу мало за него и нема доволно добри наставници за да му го пружат образованието кое му е потребно. Ве молиме подучувајте го вие дома“.

Многу години по смртта на неговата мајка, кога Едисон веќе станал еден од најголемите пронаоѓачи на неговото време, претурајќи низ семејните работи случајно налетал на писмото од неговата учителка. Во него пишувало: „Вашиот син има ментална болест. Не можеме да му дозволиме да посетува настава заедно со нормалните деца“.

Едисон останал со писмото в раце плачејќи, за подоцна во неговиот дневник да напише: „Томас Алва Едисон беше дете со ментална болест кое благодарение на мајката - херој, стана еден од најголемите генијалци на векот“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ги гуглав симптомите на ќерка ми, стравувам дека е социопат – Што да правам?“ „Таа речиси и да нема пријатели и наставниците неколкупати нѐ предупредија дека ...
Си ги сакаме бабите, но 5 нивни фрази нè „полудуваат“ „Интернетот те расипа“, „Преслаб/а си, јадеш ли нешто?“ се само дел од работите ...
Босански психолог откри зошто се распаѓаат браковите на Балканот – наиде на критики „Мајките се подобри учители за децата, а татковците бегаат од одговорност“ – Гол...
Децата не се наша сопственост - Нахранете ги, образувајте ги и пуштете ги Кога ќе се уверат дека ги научиле сите лекции, децата си заминуваат, а ние остан...
„Со сопругата сакаме да ја дадеме 2-месечната ќерка на посвојување – не можеме да се грижиме за неа“ „Сопругата не се грижи за ќерка ни. Одлучивме да ја дадеме на посвојување“, глас...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg