Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на децата

Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете дури откако ќе ги завршат обврските? Една мајка стана хит во регионот откако на своите деца им остави необична порака.

ucena-ili-dobar-poteg-majka-od-srbija-e-hit-na-instagram-zaradi-porakata-shto-im-ja-ostavila-na-decata-01.jpg

Деца кои не сакаат воопшто ниту да помислат дека треба да помогнат со домашните обврски, а наместо тоа по цел ден се излежуваат пред телевизор или си играат на интернет...

Ова е секојдневието со кое што се соочуваат многу родители во денешно време, а една мајка испрати видео од својата досетлива порака што им ја оставила на своите деца и предизвика лавина од коментари.

Наместо да ги остави работите на случајност и од работа да ја дочека хаос, таа одлучила да ги натера своите деца да ги завршат обврските во домот, на досетлив начин.

ucena-ili-dobar-poteg-majka-od-srbija-e-hit-na-instagram-zaradi-porakata-shto-im-ja-ostavila-na-decata-02.jpg

На Инстаграм страната на српскиот портал „Зелена учионица“ е објавено кратко видео од пораката што една мајка одлучила да им ја остави на своите деца и условите што им ги дала за да им ја даде лозинката за пристап до интернет.

„Денешната лозинка за WiFi можете да ја отклучите со испраќање фотографија до мајка ви на Viber од чистата кујна.

Покрај тостерот на фотографијата мора да стои тетрапак амбалажата од млекото, со цел да се спречат злоупотреби, односно повторни употреби на стари фотографии.

Со љубов,
Мама“.

Очигледно мајката решила на децата да им го ограничи пристапот до неограничениот интернет, а им го оставила ограничениот мобилен интернет кој лесно може да го потрошат ако играат игри или гледаат видеа, но е сосема доволен за да пратат фотка на Viber или да се јават во итни случаи.

Реакциите за оваа порака на мајката во најголема мера се позитивни. Родителите сметаат дека ова е позитивен пример за тоа како децата треба да се научат дека имаат и обврски, а не само права.

„Јас и сестра ми секоја сабота моравме да го исчистиме станот. Немавме интернет, а ниту пак награда“;

„Децата се подготвуваат за живот, а преземањето обврски и одговорности е всушност животот“;

„Ова не е уцена. И ние мора да работиме за да имаме нешто“ – стои во дел од коментарите.

ucena-ili-dobar-poteg-majka-od-srbija-e-hit-na-instagram-zaradi-porakata-shto-im-ja-ostavila-na-decata-03.jpg

Што мислите вие? Дали ваквата порака е непотребна уцена или пак генијален начин да се научат децата дека треба да си ги преземат обврските?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg