Фотографијата од емотивна мајка која го освои светот за еден ден
Нема дискусија околу тоа дека раѓањето на дете е прекрасна работа, но исто така има дел за кој не се зборува - времето кое и е потребно на мајката да се прилагодите на сите промени. Една мајка со само една фотографија покажа како сето тоа изгледа.
Со солзи во очите, Даниела Хејнс го држи своето бебе во раце, само 3 дена по породувањето.
Но, зошто токму оваа слика го освои цел свет и се прошири вирално?
Затоа што прикажува еден поинаков аспект на мајчинството. Навикнати сме на одморени и насмеани мајки кои силно го гушкаат своето бебе. Но, Даниела не се плашела да покаже колку првиот период од мајчинството може да биде стресен.
This is a picture of me 3 days postpartum. I was so raw and so open, I was a fucking mess. I loved my baby, I missed...
-->-->Posted by Danielle Haines on Saturday, September 12, 2015
- Ова е слика од мене 3 дена по породувањето. Бев ранлива и отворена, бев хаос. Го сакав моето бебе, ми недостасуваше неговиот татко (тргна на работа тој ден), бев лута на мојата мајка, срцето ме болеше за мојот брат затоа што мама не остави и сега во рацете држев момче кое личеше на него, брадавиците ме болеа и ми крвареа, чекав да ми се собере млеко, а бебето беше гладно, бев тажна затоа што луѓето убиваат бебиња намерно, не спиев откако почнав да се породувам, не знаев како да ги тргнам градите, вагината ме болеше од постојано седење и по малку почнав да полудувам, напиша бестрашната мајка под фотографијата.
Многу брзо се собраа сите мајки кои го поминале истото, но се плашеле да го споделат, па сликата беше споделена над 20,000 пати.