Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајка сум, но ги поддржувам жените кои не сакаат да имаат дете

Да се биде мајка е подеднакво магично, но и застрашувачко искуство кое не е за сите. Ова посебно важи за оние кои не се подготвени да станат мајка. За жал, гледам други жени кои се критикувани за својот избор.

majka-sum-no-gi-poddrzuvam-zenite-koi-ne-sakaat-da-imaat-dete-01.jpg

Неодамна прочитав еден есеј од жена која објаснува зошто не сака да стане родител, а нејзините коментари беа негативно критикувани. Луѓе и дадоа епитети како „себична“, „несигурна“...

Но, зошто жените мораат да станат мајки, ако не се подготвени за тоа?

Да се биде мајка, значи дека цело време ќе бидете посветени – бесконечно да се жртвувате, да бидете трпеливи и дисциплинирани.

Се молев да бидам благословена со семејство и благодарна сум што го добив пред да наполнам 30. Но, морам да кажам дека немав никаква идеја за тоа колку истото ќе биде напорно, заморувачки, лудо. Ви се чини како бескрајна работа.

Имав некакви лажни илузии за тоа како ќе изгледа: моето новороденче постојано ќе дреме, додека јас работам. Реалноста е сосема поинаква. Ретко имав можност да седнам или да пешачам, моите брадавици крвавеа и туширањето беше ретка фантазија. Зачудувачки е како едно така мало суштество може да создаде куп облека за перење.

Не спиев 6 месеци. Покрај мене беше ова беспомошно дете кое бара постојана грижа и кое целосно зависи од мене. Целото мое тело и ум беа опседнати со чистење, доење, грижа... Од друга страна, мојот ум беше како под дрога од безграничната љубов која ја чувствував во себе.

Токму затоа, според мене обвинувањето и етикетирањето на жените кои немаат и не сакаат да имаат деца како „себични“ е уште еден начин на срамење и критикување на жените кои не сакаат да ги прифатат родовите улоги. Забораваме дека постои избор да се стане мајка, а не молитва на женскиот род.

Се сеќавам како се чудев кога првпат чув една девојка која вели дека никогаш нема да има деца, додека јас сонував со големо семејство.

Но, сега сфаќам дека да се биде мајка е избор.

Никој не им кажува на младите девојки дека може да имаат поинаков избор од тоа да се биде мајка. Дека на светот постојат и други работи кои може да ги искусат. Никој не кажува дека е сосема во ред да сакате да се фокусирате само на вашиот партнер, миленик, кариера, хобија или едноставно да бидете слободни од одговорностите на мајчинството.

Без разлика на тоа која е вашата причина да не бидете мајка секој треба да го почитува тоа.

Да се нема деца може да биде вистинскиот избор.

Вие можете да бидете комплетна жена и без да бидете мајка.

Историски гледано, жените биле принудени да се изгубат себеси и својата личност за да се посветата само на грижата и воспитувањето на децата.

Јас лично себеси си дадов време пред да станам мајка. Искусив различни животи, различни континенти и различни верзии на мојата личност.

Јас одбрав да бидам мајка и тоа е убав избор, но не значи дека е единствениот избор кој го имаат сите жени на светот. Тоа не значи дека е правилниот избор за сите жени на светот.

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Јас сум мајка која зјапа во телефон во паркот, додека нејзините деца си играат“ Јас сум, исто така, мајка која е со своите деца по цел ден. И мајка која се труд...
Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите о... „Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде бал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg