Трудницата која планира да се породи во океан, со делфини наместо доктори
Дорина Розин е спиритуален советник која со својот сопруг Мајк планира породување во вода, поточно во океан.
Природното породување во вода изминативе неколку години стана чуден тренд меѓу младите мајки, но Дорина оди чекор понапред.
Таа верува дека делфините ќе го забрзаат самото породување, но и дека нивното дете ќе има способност да комуницира со овие животни.
Дорина моментално е во 38-та недела од бременоста и редовно нурка со група делфини.
Што мислат стручњаците на оваа тема?
Многу доктори предупредуваат на опасноста на ваквото породување, не само од ајкули кои се привлечени од крв, туку и од самите делфини кои може да бидат диви и непредвидливи, колку и да се сметаат за едни од најинтелигентните животни.
Што велите вие за оваа мајка?