10 најубави цитати за мајките и безусловната љубов
Велат дека вистинската љубов не постои на ниту едно друго место освен, во срцето на мајката. Таа првата личност од која учиш за безусловната љубов и грижа.
Ова се 10 од најубавите цитати за мајките и нивната искрена љубов, топло срце и грижа.
1. „Сфатив дека кога гледате во мајката, гледате во најчистата љубов кој некогаш ќе ја запознаете“. Мич Албом
2. “Ова запомнете го засекогаш, каде и да сте, колку и да сте близу или далеку, секогаш ќе ја имате мајката која ќе ве сака. Таа живее за вас и ве сака. Таа е вашиот учител и нејзината љубов не познава граници“. Џина Шрек
3. “Во тој миг сфатив дека најдобрата работа која некогаш сум ја направил е што се оженив токму со неа. Таа го даде животот на нашите деца. Знам дека најголемиот дел од жените би се откажале од многу работи и она што најмногу би го сакале би било да станат мајки“. Џон Пасаро
4. “Таа ти подарила животот и безусловна љубов, грижа и заштита. Врската меѓу мајката и детето е единствена, вистинска и чиста. Тоа е најискрената љубов која можеш некогаш да ја запознаеш“. Ама Ваниарачичи
5. “Мајките ги сакаме безусловно, но длабочината на таа љубов ја откриваме во миговите на последното одвојување“. Ги де Мопасан
6. “Идејата дека ќе сакам некој повеќе од себе си ме плашеше. Бев со слободен дух и секогаш во движење, а потоа за првпат станав мајка. Првпат почувствував дека моето срце живее надвор од моето тело и дека насмевката на моето дете е најдобар лек“. Ники Рови
7. “Јас сум твоја мајка. Ти си здивот на моите гради и отчукувањето на моето срце. Јас тебе најдобро те познавам“. Лиса Си
8. “Мајката секогаш се грижи. Не постои „off“ прекинувач“. Присила Сиблеј
9. “Солзата во окото на мајката е тешка колку цел еден океан“. Зајбејата
10. “На почетокот на секоја твоја приказна постои приказната на твојата љубов. Таа е таму каде ти почнуваш“. Мич Албом