Исповед на еден сопруг: 5 работи кои не требаше да ѝ ги кажам на мојата жена по породувањето
Да можете да го вратите времето назад, колку работи не би и ги кажале на вашата жена? Еден татко чие дете сега има 8 години, одлучи со идните татковци да ги сподели своите најголеми грешки.
Имав 24 години кога го добив своето прво дете. Немав идеја што правам. Бев млад, збунет и исплашен и сето тоа ме натера да и кажам на мојата жена неколку лоши работи. Сега се каам.
Се надевам дека идните татковци ќе научат нешто од моите грешки.
1. Кога повторно ќе може да имаме секс?
Сирот ти. Ќе мора да преживееш неколку месеци без секс. Твојата жена штотуку роди бебе тешко 3 килограми со царски рез, но тоа не е ништо во споредба со желбата за секс. Ќе мора да се избориш со тоа! Во телото на твојата жена растеше бебе 9 месеци, по што го донесе на свет живо и здраво. Дали сериозно ти треба секс во тој момент? Размисли малку. Дај и време да се врати во нормала. Го заслужила барем тоа.
2. Кога ќе почнеме да вежбаме?
Дали знаеш што точно слушна твојата жена во моментот кога го постави прашањето? „Мора да се фатиш за работа и да ги изгубиш сите килограми кои ги доби во бременоста.“ Со тоа само го потврди она од што се плашат сите жени, браво. Запамети дека и двајцата се прилагодувате на нов живот со бебе, но таа има и една работа плус - своето ново тело. Ја ожени затоа што е прекрасна и паметна. Затоа што покрај неа си добар човек. Размисли за тоа и дај и време.
3. Изморен сум
Разбирам, да имаш бебе е напорно за двајцата родители и не велам дека и ти како татко не си заморен. Но, ако и го кажеш тоа на твојата сопруга таа ќе се обиде да ти помогне за да се одмориш, а тоа не е нејзина работа сега. Утехата ќе мора да почека затоа што таа е фокусирана на новиот член. Нејзиното тело има навистина многу работа. Таа нема ниту сила, ниту енергија, затоа биди љубезен кон неа. Не и биди дополнителен терет.
4. Дали морам јас да го пресоблечам детето?
Да, мораш. Ти си татко. И во родителството влеговте заедно. Снајди се и биди горд на работата која ќе ја завршиш. Биди од помош, престани да бидеш мрзелив и да се однесуваш како да си „премногу добар“ за да менуваш валкани пелени. Тоа е твое дете.
5. Имаш продолжен одмор
Не, за неа тоа не е одмор. Тоа е време за зараснување, време кога твојата сопруга се враќа во нормалната состојба и време кога се поврзува со вашето дете. Би требало да добие слободно време колку што и треба, но запамети дека тоа не е одмор. И никогаш не и го префрлај тоа што е дома.