Најчестите грешки кои го забавуваат развојот на детската интелигенција

Врз природниот развој на интелигенцијата кај  детето може да влијаат некои погрешни постапки кои ги прават родителите уште додека се мали.

pogresno-go-naviknuvate-deteto-ne-mu-ja-pasirajte-hranata-ne-go-vozete-vo-kolicka-ostaete-go-da-skoka-po-krevetot-01

Иако традиционално сите се навикнати кога ќе го дознаат полот на детето, веднаш собата да ја бојадисаат розова или сина, не го оставаат бебето да лази, му забрануваат да скока на креветот, му ја пасираат храната до 5 години и го возат во количка додека тргне на училиште, тоа се најголемите грешки кои ги правите.

Ослободете се од традиционалните правила и водете се според психолошките совети ако сакате здраво, напредно и интелигентно дете.

1. Розова соба

Бебето во првите месец дена сè гледа матно, како да има диоптер +20 и ги забележува единствено силните контрасти. Наместо едноличниот розов и син ентериер, во детската соба би требало да ставите барем темни завеси или тапети кој ќе покажат контраст.

pogresno-go-naviknuvate-deteto-ne-mu-ja-pasirajte-hranata-ne-go-vozete-vo-kolicka-ostaete-go-da-skoka-po-krevetot-5.jpg


2. Го спречувате да си игра на подот

Додека детето лази, на подот се потпира со рацете, а таквиот притисок на дланките активира одредени делови од мозокот кои се важни за интелигенцијата подоцна. Некои родители брзо го подигнуваат детето од подот, не сакаат да ги извалка рацете или стави нешто во устата. Но фазата на лазење е многу кратка и ако тогаш не се случи таа специфична стимулација на дланките, се пропушта добра прилика за развој на мозокот.

pogresno-go-naviknuvate-deteto-ne-mu-ja-pasirajte-hranata-ne-go-vozete-vo-kolicka-ostaete-go-da-skoka-po-krevetot-3.jpg


3. Забрана за скокање по креветот

Неутроните кои не работат, умираат, а токму неутроните природно ги поттикнуваат децата да скокаат. Секој скок го поместува тежиштето на телото лево или десно па потоа мора да се активираат сите мускули за да ја одржат рамнотежата при враќањето на нозете, а управувањето со тоа е активност на мозокот. Наместо да му забраните на детето да скока, внимавајте само на неговата безбедност.

pogresno-go-naviknuvate-deteto-ne-mu-ja-pasirajte-hranata-ne-go-vozete-vo-kolicka-ostaete-go-da-skoka-po-krevetot-1.jpg


4. Возење во количка, наместо одење

Одењето е многу важно за развојот на мозокот, а многу родители денес децата ги возат во количка дури до четвртата или петтата година. Покрај влијанието на когнитивниот развој, долгото туркање на децата во количка доведува и до појава на спуштени стапала, кои денес ги имаат околу 70 % од децата. Секако децата би требало повеќе да одат, а идеално е кога за тоа има услови да одат боси.

pogresno-go-naviknuvate-deteto-ne-mu-ja-pasirajte-hranata-ne-go-vozete-vo-kolicka-ostaete-go-da-skoka-po-krevetot-4.jpg


5. Предолго пасирање на храната

Со џвакањето детето почнува на 6 месеци, а до година и пол дена би требало веќе да премине од кашички на поцврста храна. Важно е да џвака, а не да му се пасира храната и да се ситни на мали парчиња, бидејќи џвакањето испраќа импулс во кортексот, ги чисти забите, го активира јазикот,  па говорот подобро ќе му се развие говорот, а важно е за имунитетот.

pogresno-go-naviknuvate-deteto-ne-mu-ja-pasirajte-hranata-ne-go-vozete-vo-kolicka-ostaete-go-da-skoka-po-krevetot-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg