Ако детето плаче не го кревајте во раце, навикнете го на стрес

Како „новопечена“ мајка често се прашувате дали сте доволно добра за своето малечко. Тоа постојано плаче, а вие не знаете што бара од вас. Не е гладно, ама нема да престане да плаче.

spravuvanje-i-iskazuvanje-na-stresot-koga-vasheto-malecko-neuteshno-place-01.jpg

Вашето бебе може да плаче како резултат на неколку причини. Едната од нив се однесува на неговите основни потреби. Доколку станува збор за ваков случај, тогаш е гладно, мокро, му се спие или нешто го боли.

Постои и втора причина. Веројатно ви се случило колку и да се трудите да го смирите вашето дете и натаму неутешно да плаче. Во тој случај веројатно е втората причина за неговиот плач: фрустрирано е, исплашено, осамено или под стрес. Во овие мигови можеби сте се чувствувале како лоша мајка, но случајот не е таков.

Како кај секој друг нормален човек така и кај малите бебиња постои потреба од ослободување на тензијата и насобраните силни емоции на страв или стрес. Така бебињата понекогаш плачат за да се ослободат од стресот и тензијата.

За нив плачењето е доста важно бидејќи плачот е нивното главно средство за комуникација. Затоа, не е важно да го утешите и да го смирите, туку да бидете тука за него како омилена поддршка сè додека целосно не се ослободи од насобраната фрустрација.

Многу е важно како ќе се научи на ситуацијата во која е под стрес затоа што, таа влијае подоцна на тоа како ќе се справува и дали воопшто ќе умее да се справува со стресот како возрасна личност.

Стресот знае да биде опасен за новороденчето затоа што кортизолот го преплавува нервниот систем и истиот влијае на нивниот имунитет. Вашето бебе или ќе ја добие неопходната поддршка или на крајот едноставно ќе престане да плаче затоа што е преморено. Во втората ситуација врската трајно се нарушува затоа што малечкото потполно ја губи довербата во својот родител.

И двете ситуации формираат два типа на личности според тоа колкава количина на кортизол ќе им произведува организмот и натаму. Несигурно врзаните деца имаат високи нивоа на кортизол и овие деца често драматизираат, плашливи се и ги преувеличуваат своите емоции. Кај нив секоја непредвидлива ситуација предизвикува стрес бидејќи се во континуирана тензија. Високите нивоа на кортизол може да доведат и до некои физиолошки промени како нарушувања на имунитетот па дури и појава на дијабетес и хипертензија.

Вториот тип на личности ќе имаат ниско ниво на кортизол. Под постојаното влијание на кортизолот, организмот одговара на начин на кој целосно престанува да произведува кортизол како би можел да преживее. Организмот едноставно престанува да чувствува сè со цел да преживее. Бебињата сфаќаат дека нивното плачење нема никаква вредоност затоа што никој нема да дојде. Овие деца понатаму се многу зависни од другите, ги потиснуваат своите емоции и често имаат чувство на празнина. Однадвор се мирни и позитивни, а одвнатре горат огништа на бес и нестабилност.

Златната средина на овие два екстрема е одговор со ниско ниво на кортизол дури и во ситуации кога бебето е исплашено или исфрустрирано. Добрата поддршка ќе направи вашето бебе многу брзо да се опоравува и да се навикнува на нормално реагирање на стресот, а начинот на кој се сносиме со стресот е фундаментален аспект на нашето општо ментално здравје.

Токму затоа за здрав и нормален начин на развивање и функционирање на вашето новороденче неопходно е секогаш да му ја давате неопходната подршка додека плаче и се ослободува од тензијата која ја чувствува. Нема потреба да сметате дека сте лоша мајка и дополнително да предизвикувате напнатост. Едноставно смирено седете покрај неговата колевка и оставете го да се исплаче, да си ги искаже маките и да се ослободи од нервозата.

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg