Искрен одговор: Зошто ја избричив главата на мојата ќерка?

Една мајка на интернет објавила фотографија од нејзината ќерка со коса и без коса. Некои помислиле дека се работи за некаква болест, но кога ја дознале причината почнале да ја обвинуваат мајката дека сакала само да добие на публицитет.

iskren-odgovor-zosto-ja-izbricila-glavata-na-kerkata-i-ja-objavila-na-internet-01

Но, приказната е сосема поинаква. Нејзината ќерка посакала да има фризура како браќата. Кога мајката ѝ објаснила дека обично девојчињата имаат подолга коса, таа решително одговорила: „Нема шанси. Девојчињата може да имаат каква сакаат фризура“.

Кога мајката ја предупредила дека некои ќе ѝ кажуваат дека е грда или ќе мислат дека е момче, девојчето нашло многу едноставно решение: „Во ред е мамо, само ќе им кажам дека сум женско и готово“.

Тогаш мајката ѝ ја исполнила желбата и ѝ ја избричила главата. Откако ја објавила фотографијата и сите почнале да ја напаѓаат, морала да им одговори искрено и отворено:

„Да, можев да ја разубедам и да не ѝ дозволам. Јас сум нејзина мајка и моето мислење има големо влијание на неа. Можев да ѝ кажам дека има толку убава коса што би било штета да ја избричи. Но, со тоа ќе ѝ дадам до знаење дека најважен ми е нејзиниот изглед и дека целта е да им биде убава на другите и дека е поважно како другите ја гледаат, отколку нејзините желби и чувства“.

На девојчето не само што не му пречи новата фризура, туку мисли и дека е забавно да ја бричи главата секој месец, како нејзините браќа.

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Уцена или добар потег: Мајка од Србија е хит на Инстаграм заради пораката што им ја оставила на деца... Дали е во ред на децата да им ја смените лозинката за интернет и да им ја дадете...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg