Исповед на една мајка: Се радувам што не сум бремена!

Во природата на жената е да биде мајка, но нејзино е правото дали тоа ќе го искористи. Некои жени патат што од разни причини не можат да имаат деца, други сметаат дека нема да можат да се справат со нив, па самите одлучуваат и избираат да немаат деца.

ispoved-na-edna-majka-se-raduvam-sto-ne-sum-bremena-001

Општеството, таквите жени, ги смета за крајно себични. Сепак, многу е лесно да се суди од страна. Правото на создавање нов живот создава и обврска за одржување на истиот. Понекогаш подобар избор е да не се оствари, отколку да се случи и да се изгуби.

Ова е писмо кое го напишала мајка на едно девојче за тоа колку е важно да се почитува одлуката на некое семејство или на некоја жена да нема деца или да има само едно дете.

„Не сум бремена. И ако јас се прашувам нема да бидам бремена веќе до крајот на животот. Мојот сопруг, ќерката и јас го сочинуваме нашето семејство. Сепак, целата поблиска фамилија и пријателите, сите добронамерни луѓе се прашуваат кога ќе „направиме“ второ дете.

„Можеби ќе имате машко. Така вашата ќерка ќе може да ја почувствува љубовта кон братот“. Кога ќе ги слушнеме овие коментари, мојот сопруг и јас обично се клоцнуваме со нозете под маса или со лактите. Кога ќе се загледам во бебето на моите пријатели или ако не дај Боже побарам да го подржам, сите почнуваат со коментари како можам да си родам уште едно дете. Ако случајно одбијам да се напијам алкохол на некоја забава, тоа веќе предизвикува лавина сомнежи, прашања, претпоставки.

Некои сметаат дека љубопитството кое со себе носи бројни претпоставки, главно неточни, е последица на тоа што сум мајка „само“ на едно дете.

ispoved-na-edna-majka-se-raduvam-sto-ne-sum-bremena-1.jpg

Во светот на славните, Џенифер Гарнер постојано е на мета на таблоидите. Ако се појави на улица во фармерки и широка маица, веднаш следува наслов дека е бремена. Не може да излезе никаде, а да не почнат етикетите на нејзина сметка. Но, на славните мајки не им останува ништо друго, освен да одат во шоуто на Елен ДеЏенерес и да се пошегуваат на сметка на својата непостоечка бременост.

Што да правам јас, што немам ПР-менаџер за да ми договори гостување во некоја емисија?

Љубопитството е дел од човечката природа, но не сакам да твитувам и да ставам статуси на Фејсбук во кои ќе се објаснувам.

Зарем е толку лошо што очекувам моето тело и мојот живот да бидат само мои?

Затоа имам предлог: Како што има честитки за среќен брак, среќно раѓање на новото бебе, така да има и честитки во кои ќе се изразува радост по повод што некоја мајка одлучила дека веќе нема да раѓа деца.

Честитките ќе бидат со цвеќиња, шарени бои и дезени и ќе даваат впечаток на среќа и убавина. Не е на одмет да се додаде и некоја фотографија со целата фамилија која ја поддржува одлуката“.

На овој начин ќе се покрене свеста дека не е крај на светот ако некое семејство сака да има само едно дете на кое целосно ќе му се посвети или нема да има деца ако не се чувствуваат способни да го одгледаат на правилен начин.

Тоа е многу подобар и поразумен чин, отколку да се направи нешто за што подоцна некој ќе се кае, само по цена да се задоволи мислењето на другите.

ispoved-na-edna-majka-se-raduvam-sto-ne-sum-bremena-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg