Работи што секој татко треба да и ги каже на својата ќерка
Секој татко има уникатна улога во животот на неговата ќерка. Негова одговорност е да и даде доволно самодоверба за да може таа самата да се соочи со светот. Таткото е првиот маж во животот на неговата ќерка и негова задача е да и покаже како еден „вистински маж“ треба да се однесува.
Еве кои работи секој татко треба да и ги каже на својата ќерка:
1. Обрни внимание како твоето момче се однесува кон мајка му. Утре така ќе се однесува и кон тебе.
2. Можеш да направиш сè што може и еден маж да направи.
3. Останатите девојки се шминкаат за да изгледаат така како што изгледаш ти сега. Не ти е потребна шминка, ти си прекрасна.
4. Луѓето ќе те оценуваат според тоа што го носиш на себе. Не е фер, но таков е светот. Имај го тоа предвид кога наутро ќе одбираш што да облечеш.
5. Не дозволувај другите да размислуваат место тебе.
6. Ништо не е поатрактивно од интелигенцијата.
7. Научи паралелно да паркираш.
8. Не мораш да уживаш во нив, но барем научи ги основните правила во фудбалот и кошарката.
9. Разликувај ги „Ѕвездени патеки“ од „Војна на ѕвездите“.
10. Имај доверба во себе и никогаш нема да има потреба да се прилагодуваш на другите. Останатите луѓе сами ќе ти приоѓаат.
11. Најефективен начин да направиш проблеми во врската е да ископаш некоја стара расправија. Зошто мислиш дека ги паметиме глупостите кои сме ги направиле пред пола година?
12. Ако некој маж навистина те сака, ќе те чека. Не дозволувај да те брзаат. Ти си таа која ги поставува границите на сексуалните односи.
13. Што се однесува до женските хигиенски продукти, дозволи ни да се преправаме дека не ја знаеме причината зошто тие постојат.
14. Иако можеби не престанувам да се смеам, знај дека кога ќе заминеш на факултет твојот татко во себе се распаѓа. Не заборавај да ми се јавиш првата ноќ да ми кажеш дека ме сакаш.
15. Спореди го секое момче кое ќе го запознаеш со мене. Никој нема да те сака така како што тебе те сака твојот татко.
Секој татко има уникатна улога во животот на неговата ќерка. Негова одговорност е да и даде доволно самодоверба за да може таа самата да се соочи со светот. Таткото е првиот маж во животот на неговата ќерка и негова задача е да и покаже како еден „вистински маж“ треба да се однесува.