Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мојот син не си игра надвор и не чувствувам вина заради тоа

Моето дете поминува од 7 до 10 часови дневно пред екранот, наместо да си игра надвор, но јас не чувствувам никаква грижа на совест заради тоа...

mojot-sin-ne-igra-nadvor-i-ne-se-cuvstvuvam-vinoven-zaradi-toa-.1

Тој обожава да чита на таблет и да игра разни игри. Со моето семејство живееме во градот, па немаме двор во кој можеме да си играме заедно, токму и затоа мојот син седи дома пред компјутер.

Мислите дека треба да се чувствувам како лош родител? Јас воопшто не мислам така. Пролетта полека пристигна во нашиот град, времето е сончево и пријатно, но јас не сум со мојот син во парк бидејќи морам да седам на работа до доцна, за дома да имаме убави нешта и храна.

Освен што децата денес се постојано пред компјутер, тие имаат и премногу обврски и домашни работи кои им ги задаваат на училиште. Па наместо да си игра надвор, тој седи дома и ги завршува училишните обврски. Не е ни чудо што поминуваат толку многу време затворени дома.

Понекогаш сум благодарен што на училиште имаат 30 минутна пауза на која секогаш ги пуштаат надвор во училишниот двор.

Живееме во општество во кое е потребно навистина однапред да правиш планови за да го однесеш своето дете некаде во природа и чист воздух. Не можеме да очекуваме да отидеме некаде на викенд туку така одеднаш, како што тоа било порано кога ние сме биле деца. На родителите им е потребна поголема поддршка, како на пример почести екскурзии и програми кои ќе им овозможат на децата да уживаат во денот.

Лесно е да го обвините родителот, но обидете се да бидете добар татко или мајка, добар сопруг или сопруга во време кога целиот ден, понекогаш и викенд, ви поминува во канцеларија. 

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„По мојот развод на 40 години, си кажав дека нема да се омажам никогаш повеќе, но се премислив“ „Го променив моето мислење кога закрепнав и почнав да му се молам на Бог да ми д...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Јас сум мајка која зјапа во телефон во паркот, додека нејзините деца си играат“ Јас сум, исто така, мајка која е со своите деца по цел ден. И мајка која се труд...
Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg