Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Исповед на мајка со 5 деца: Вие го нарекувате хаос, а јас семејство

Имаме 5 деца на возраст од 11 месеци до 11 години и за нас многу работи се променија во текот на животот. Моравме да го обновиме целиот наш дом, само за да направиме голема кујна во која сите заедно ќе ручаме...

ispoved-na-majka-na-5-deca-vie-go-narekuvate-haos-a-jas-semejstv-1

Иако често добиваме пофалби и комплименти што сме одлучиле да бидеме големо семејство, сепак во последно време сѐ почесто има и такви кои без влакна на јазикот нѐ нарекуваат „хаос”.

Но, ништо не ме нервира толку кога ќе чујам „Леле, сигурно не можеш да кренеш глава!”

Еве што имам да кажам за тоа:

1. Генерално ме нервира кога луѓето го коментираат очигледното.

2. Ако мислите дека не можам да кренам глава, тогаш зошто воопшто ми го кажувате тоа и ми го одвлекувате вниманието додека сум со полни раце работа? Стојам на каса во маркет со 5 деца кои ме прашуваат дали може да добијат чоколадо или некои играчки, а јас сѐ што сакам да направам е да платам и да излезам. Не сум заинтересирана да разговарам за моите секојдневни обврски со странец.

3. Дали мислите дека родителите со едно или две деца имаат помалку работа? Познавам луѓе кои имаат помалку од 5 деца, а работат повеќе од мене.

4. Кога ме гледате како да сум во тотален хаос само затоа што имам 5 деца, тоа е исто како да застанете до жена која купува храна за мачки и да и речете: „Имаш мачки, нели? Сигурно си многу осамена!”

Моето семејство не е забавно шоу. Ние само имаме нешто повеќе деца од една просечна фамилија.

Затоа следен пат кога ќе наидете на голема фамилија, не коментирајте и оставете ги да си ја завршат работата. Бидејќи сѐ што ќе посакате да им кажете, тие веќе го чуле, а ништо не иритира повеќе од тоа да ги слушаш одново истите работи.

Особено ако таа личност е странец, кој се меша таму каде што не му е местото. 

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg