Ќе ја поддржите или осудите? После 3 породувања, гордо ги покажува стриите во бикини
Рејчел Холис е млада мајка на 3 синчиња и нејзиниот стомак јасно го кажува тоа. Бременоста и постојаното ширење на кожата направиле тој да изгледа ни малку привлечно. Сепак, Рејчел со гордост ги носи омилените бикини.
- Имам стрии на стомакот и носам бикини. Имам опуштен стомак и после раѓањето на 3 големи бебиња носам бикини. Дури и мојот папок е опуштен, иако порано мислев дека тоа е невозможно, и повторно носам бикини. Тоа го правам затоа што сум горда на своето тело и на секоја лузна на него. Овие лузни покажуваат дека сум среќна што имам свои деца, а и откриваат дека напорно работев на себе за да ослабам, напиша Рејчел покрај фотографијата.
Гордата мајка доби над 300.000 лајкови, а нејзината фотографија ја погледнаа околу 10 милиони лица.
Фотографијата е сликана во Канкун, каде моментално Рејчел одмора со нејзиниот сопруг.
Мајка за пример или за осудување?