Драга мамо, oва се 12 работи за мажите на кои ме научи, а не се точни

Сите мајки го посакуваат најдоброто за своите ќерки и сакаат да можат да им ги наметнат своите ставови за да бидат сигурни дека ќе ги послушаат.

draga-mamo-ova-se-12-raboti-za-mazite-na-koi-me-nauci-a-ne-se-tocni-02.jpg

Често се правдаат дека поради искуството и сè што поминале, подобро е да им верувате, за да не мора сами истото да го сфатите низ своите грешки.

Но, со оглед на променетите времиња, веројатно се променети и некои стандарди, па колку што мајките имаат еден став, толку ќерките знаат зошто тоа не е баш така.

Ова се најчестите совети од мајките кои една типична современа девојка не може да ги прифати:

1. Омажи се за некој што те сака повеќе отколку што ти го сакаш

Што мислеше таа: „Омажи се за некој кој е помалку атрактивен од тебе, за никогаш да не те остави. Ако не го сакаш толку колку што тој те сака, никогаш нема да може да те повреди“.

Зошто тоа не е точно: Јас не сакав да се омажам за некој кој не ми е важен и со кој само добро се согласувам. Сакам некој без кого не можам да живеам, затоа што е моја сродна душа.


2. Омажи се за некој што ќе се грижи за тебе

Што мислеше таа: „Омажи се за некој богат, кој ќе може да ти пружи сè што ти треба, за да не се нервираш“.

Зошто тоа не е точно: Јас сакам сама да си заработам. Не сакам да зависам од никого. Ако му дозволам да ги контролира финансиите, му давам моќ да ме контролира и мене. Тоа не е добро.


3. Треба порано да се омажиш

Што мислеше таа: „Врзи го мажот додека е уште млад, затоа што нема да го имаш засекогаш“.

Зошто тоа не е точно: Не сакам со некој само да се омажам набрзина. Сакам да уживам во животот. Ако некој не ме сака затоа што не сум млада или згодна, не ми ни треба.


4. Секогаш биди дама

Што мислеше таа со тоа: „Не биди вулгарна и секогаш зборувај со почит“.

Зошто тоа не е точно: Не може, јас знам и да опцујам и да проколнам, јас сум жив човек како сите други и немам потреба да глумам. Мажот кој ќе биде со мене мора да ме прифати таква каква што сум.

draga-mamo-ova-se-12-raboti-za-mazite-na-koi-me-nauci-a-ne-se-tocni-3.jpg

5. Биди му барем втора

Што мислеше таа со тоа: „Подобро е да имал некоја пред тебе, бидејќи ќе има поголемо искуство, нема да експериментира и да греши со тебе, а ќе биде и посозреан за сериозна врска.“

Зошто тоа не е точно: Не сакам да бидам ничија замена, ниту утеха. Тој треба да одговара и на моите желби. Можеби и јас не сакам сериозна врска. Не ми треба сигурно некој оставен или разведен.


6. Посвети им се на децата

Што мислеше со тоа: „Биди дома со децата. Не се фокусирај на кариерата. Најважно е да бидеш добра мајка“.

Зошто тоа не е точно: Таа беше мајка која цел ден е дома и тоа беше во ред според неа. Јас имам кариера и не сметам дека тоа што сакам и деца, треба да ми го насочи целиот животот само на нив.


7. Никој нема да купи крава, ако може да добие бесплатно млеко

Што мислеше таа со тоа: „Ниеден маж нема да се омажи со тебе ако си лесна девојка и добива секс кога ќе посака.“

Зошто тоа не е точно: Не живееме веќе во време кога треба да биде осудена мојата сексуалност. Колку што тој има право и желба за секс, толку имам и јас.


8. Не зборувај за минатото

Што мислеше таа: „Остави го багажот од минатите врски и почни одново. Никогаш не му покажувај колку си „луда“.

Зошто тоа не е точно: Не гледам причина зошто пред момчето со кое сакам да го поминам животот треба да се кријам или лажно да се претставувам. Тој треба да ме сака со сите мои маани и доблести и да ме прифати таква каква што сум.

draga-mamo-ova-se-12-raboti-za-mazite-na-koi-me-nauci-a-ne-se-tocni-1.jpg

9. Добрата жена учи да го сака спортот

Што мислеше таа со тоа: „Ако сакаш да го задржиш мажот, мора да научиш да го сакаш спортот и барем да навиваш за неговиот тим, ако не се разбираш“.

Зошто тоа не е точно: Ако не сакам спорт не можам да го глумам тоа, може само да бидам понервозна додека чекам да заврши натпреварот. Подобро е да го гледа со пријателите, додека јас сум на кафе со пријателките. Така ќе бидеме посреќни кога ќе се видиме.


10. Подобро да научиш да готвиш

Што мислеше таа со тоа: „Ниеден маж не би можел цел живот да го помине со тебе, ако не знаеш да готвиш“.

Зошто тоа не е точно: Денес има готова храна која е евтина и може да се нарача. Не дека не знам да готвам, но не сакам тоа да ми биде главна обврска.


11. Никогаш нема да се омажиш ако јадеш така

Што мислеше таа со тоа: „Никој не сака покрај себе дебела жена, подобро е да намалиш со колачите, барем додека се омажиш“.

Зошто тоа не е точно: Не сакам да се измачувам со диети само за да му се допаднам некого. Никој не може да биде совршен и по некоја година секако и двајцата ќе накачиме килограм плус.


12. Посвети му се целосно

Што мислеше таа со тоа: „Ако сакаш да го задржиш мажот, мора целосно да му се посветиш. Не го оставај предолго сам заради кариерата, бидејќи лесно може да си најде нешто поинтересно. Не се оженил за да биде сам.“

Зошто тоа не е точно: Во времето во кое живееме нормално е да бидеме и двајцата зафатени и посветени колку на семејството, толку и на кариерата за да напредуваме. Ако имаме разбирање и поддршка нема да се случи ништо лошо. Ако толку лесно може да ме замени, не ми ни треба.

draga-mamo-ova-se-12-raboti-za-mazite-na-koi-me-nauci-a-ne-se-tocni-4.jpg

Колку од овие совети сте ги добиле вие?

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg