Како да ја зголемите плодноста по природен пат?
За жал, заради стресното секојдневие и нездравиот начин на живот, постојат сè поголем број на млади кои сакаат да имаат дечиња, но неплодноста ги спречува.
Иако не е возможно да се излечи по природен пат, сепак можете да ги зголемите шансите за бременост со следниве неколку природни рецепти и намирници.
Започнете со 40 суви смокви кои ќе ги потопите во половина литар ладно процедено маслиново масло. Оставете ги да отстојат 40 дена, а потоа консумирајте по 1 смоква дневно и по 1 лажица од маслото, секој ден.
Од голема помош е чајот од валеријана кој треба да го пиете 40 дена, по 3 шолји на ден жените, а по 1 на ден мажите. Чајот не се пие за време на менструацијата.
Жените кои се обидуваат да останат бремени треба често да внесуваат мултивитамини, витамин Ц, матичен млеч, семки од тиква и сончоглед.
Жените кои имаат проблем со полицистични јајници треба да ги практикуваат овие 2 навики, кои не им штетат и на сите останати жени кои се обидуваат да станат мајки:
- Дневно пијте по 1 чаша вода во која ќе разредите 1 лажица мед со малку цимет.
- Јадете по 1 ред темно чоколадо секој 3-ти ден во месецот.
За мажите постои еден старински лек кој се консумира 2 пати дневно, на празен стомак, по 1 супена лажица.
- 50g ореви
- 50g бадеми
- 50g несолени кикирики
- 50g лешници
- 50g кокосово брашно
- 50g семки
- 50g семки од тиква, несолени
- 50g суво грозје
- 50g суви сливи
- 50g суви кајсии
Сите состојки ситно се сечкаат и се мешаат во половина килограм мед.
Имате да споделите уште некој домашен, природен лек?