Листа на фрази кои мајките најчесто ги кажуваат

Замислете ако преброите колку пати до сега вашата мајка ви кажала „Затоа што јас така реков”, сигурно нема да успеете.

lista-na-frazi-koi-majkite-najcesto-gi-kazuvaat-1

Во дијалог со мајките често ги слушаме истите фрази, без разлика колку години и да имаме, а ова се најчестите:

1. „Помалку зборувај, повеќе јади”

Само доврши го ручекот и доста зборуваш.

2. „Не те замолив, туку ти наредив”

Прави тоа што ти кажувам.

3. „Те молам престани...”

Да викаш, пееш, зборуваш...

4. „Биди претпазлив/а”

Пази што правиш, ќе се повредиш.

5. „До колку остана вчера?”

Не можеш да доаѓаш и да одиш кога ќе ти текне.

6. „Седни учи”

Загреј го столчето, книгата нема сама да се научи.

7. „Доста со тоа цигарите”

Изгаси ја и веќе да не те видам да запалиш нова.

8. „Зошто не ми се јавуваш кога ти ѕвонам?”

Мора да се јавиш кога јас те барам.

9. „Ќе излегуваш со мокра коса?”

Ќе се разболиш и ќе си седиш дома.

10. „Дојди да те гушнам”

Ти секогаш ќе бидеш моето мало дете...(повторно, без разлика колку години имате)

Нешто да додадете?

Автор: М.П.

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум мајка која зјапа во телефон во паркот, додека нејзините деца си играат“ Јас сум, исто така, мајка која е со своите деца по цел ден. И мајка која се труд...
Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите о... „Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде бал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg