Отворено писмо на една мајка до непознатите минувачи: Не го допирајте моето бебе!

Колку пати ви се случило во паркот да сретнете мајка со мало бебе кое е толку убаво и слатко, што веднаш посакувате да го допрете, штипнете, погалите, бакнете?

otvoreno-pismo-na-edna-majka-do-nepoznatite-minuvaci-ne-go-dopirajte-moeto-bebe-01

Вам ви изгледа тоа сосем нормално, така што си велите: Па, зошто да не?

Но, за мајката тоа и не е баш најпријатно да се гледа. Низ нејзината глава поминуваат страшни мисли во моментот кога некој случаен непознат минувач ја подава раката кон лицето на бебето.

Ова е нејзиното писмо:

„Ја разбирам вашата потреба за да го допрете моето дете. Добро, не ја разбирам баш целосно, но сакам да ви објаснам. Го гледате, ви се чини слатко и веднаш сакате да го допрете, па без размислување посегнувате да го штипнете неговото мало обравче.

Ве молам, следниот пат размислете како можете да му одолеете на искушението.

Јас немам начин како да утврдам дали неодамна сте биле болни или во контакт со некој што бил болен или пак сте допреле нешто полно со бактерии.

Иако вашиот контакт со моето дете трае неколку секунди, последиците по моето семејство може да траат со денови, па и цел месец. Ако тоа се разболи, ќе му треба време да закрепне, а истото може да го пренесе и на своето братче или сестриче.

Затоа, ве молам, не го допирајте моето бебе. Ако веќе не можете да одолеете, допрете ги местата кои му се покриени: Стапалата со чорапчиња, рамото со блузичка или косичката.

Насмевнете му се, мавнете му со раката, кажете му нешто, но рацете подалеку!“

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите о... „Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде бал...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg