Искрено родителско писмо кое ги освои социјалните мрежи
Емотивното обраќање кон своето дете, не ги остави рамнодушни читателите на ова родителско писмо кое за брзо време стана популарно четиво на социјалните мрежи.
Сигурно и вам ќе ви ги наполни очите со солзи, без разлика дали сте родители или не, вреди да го прочитате:
„Драго дете,
Сега сѐ уште не сум остарена, но штом ме видиш таква, биди трпелив со мене и обиди се да ме разбереш.
Доколку за време на ручекот се извалкам или ако не можам сама да се облечам, биди трпелив со мене.
Сети се на сите оние часови кои јас ги потрошив додека те учев сам да се облекуваш и да го користиш приборот за јадење. Ако додека разговараме ги повторувам истите работи, не ме прекинувај туку сослушај ме.
Кога ти беше мал, јас секогаш ти ја читав истата приказна додека да заспиеш.
Ако не сакам да се бањам, не навредувај ме. Сети се колку време те бркав низ куќата и измислував илјадници причини, за ти да влезеш во када.
Дај ми време да ја разберам новата технологија, не ме исмевај и не ме гледај со потсмев.
Јас тебе те научив многу работи: како правилно да јадеш, правилно да се облекуваш, да се соочиш со животот.
Ако некогаш во текот на разговорот заборавам нешто или се изгубам, дај ми малку време, да се сетам и доколку не успеам, немој да се вознемируваш.
Мене не ми е важен разговорот кој го водиме, туку важно ми е да седам со тебе и да бидам сигурна дека умееш да го чуеш она што го кажувам.
Ако не сакам да јадам, немој да ме присилуваш. Сама знам најдобро, кога ми е потребно храна, а кога не.
Кога нозете ќе ми се уморат и кога нема да можам да се движам, подај ми ја твојата рака исто како што јас ти ја давав мојата кога ти ги правеше првите чекори.
Ако одеднаш ти кажам дека повеќе не сакам да живеам, дека сакам да умрам, не лути се на мене, еден ден ќе сфатиш... Еден ден ќе разбереше дека покрај сите мои направени грешки, тебе ти го посакував само најдоброто и те подготвував за патувањето наречено живот.
Не растажувај се кога ме гледаш таква покрај тебе, туку биди ми потпора, помогни ми да го завршам патувањето со љубов и трпение.
А јас, ќе ти вратам со насмевка и неизмерна љубов, која отсекогаш ја чував само за тебе.
Те сакам,
Твојот родител.”