30 Работи на кои ќе ја научам мојата ќерка

Односот што меѓусебно го имаат мајката и ќерката не може да се спореди со ништо на светот.

30-raboti-na-koi-kje-ja-naucam-mojata-kjerka-1

Жените секогаш внесуваат голем напор за да ги научат своите ќерки на вистинските вредности во животот и да ги изнесат на вистинскиот пат.

Тоа училиште никогаш не завршува, а еве мал дел од работите што секоја мајка посакува нејзината ќерка да ги научи: 

1. Не ги грицкај ноктите, една девојка мора да биде дама и да поседува одлични манири

2. Во ред е да пиеш алкохол додека си млада, но потоа мора да созрееш и да ја отфрлиш таа навика.

3. Научи како да менуваш гума на автомобилот, потоа можеш да ме научиш и јас тоа да го правам.

4. Помалку шминка е всушност повеќе, истакни ја природната убавина.

5. Секогаш биди дотерана и средена, не за другите туку исклучиво за себе.

6. Негувај ја својата кожа, еден ден ќе бидеш благодарна за тоа.

7. Сакај го оној за кого ти сметаш дека треба да го сакаш.

8. Освен ако сметам дека тој не вреди, тогаш навистина нема да ти дозволам.

9. Сонувај секогаш и секаде и никогаш немој да се откажеш од своите соништа.

10. Избори се за она што го сакаш дури и ако се движиш сама кон остварување на целта.

30-raboti-na-koi-kje-ja-naucam-mojata-kjerka-2-
11.
Не премолчувај, ако е потребно впушти се во кавга, но биди разумна.

12. Секогаш биди искрена. На светот му е потребна искреност.

13. Мудро избирај ги пријателите и некои работи зачувај ги само за себе.

14. Помири се со фактот дека некои луѓе секако ќе те разочараат.

15. Не очекувај премногу, така ништо нема да те изненади.

16. Немој да бидеш избувлива. Постапувај смирено и разумно. Понекогаш и јас сум избувлива, но знам дека тоа не е во ред, затоа не прави го.

17. Секогаш почитувај ја твојата фамилија, бидејќи никогаш нема да ти го сврти грбот.

18. Кога имаш лош ден никогаш не закажувај на фризер, подоцна ќе зажалиш.

19. Не ти препорачувам да ја менуваш природната боја на косата.

20. Барај забава во сѐ што правиш, а тогаш кога нема да ја пронајдеш промени го она што го правиш.

21. Секогаш кога имаш можност и вишок пари искористи ги на патување.

22. Остани достојна на својот збор и не дозволувај си да разочараш некого.

23. Ако си гладна на првиот љубовен состанок- порачај хамбургер.

24. Прочитај ја „Ана Каренина“.

25. Размисли милион пати пред да имаш однос без кондом.

30-raboti-na-koi-kje-ja-naucam-mojata-kjerka-3-

26. Омажи се за човек во чии очи ќе го пресретнеш целиот свет.

27. Работи го она што го сакаш или пронајди начин да ја засакаш својата работа.

28. Не плаши се од неуспехот и секогаш работи напорно за да го поправиш.

29. Научи да кажуваш „Не”.

30. Немој премногу да се грижиш. Сѐ ќе биде во ред!

Која е најважното нешто што сакате вашата ќерка да го знае?

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg