„Бидете подготвени за критика“ и уште 7 совети за да го подобрите односот со родителите
Прифатете го фактот дека вашите родители нема да се сменат
Вашите родители не се како вас. Живееле во друго време, имаат поинакви интереси, имаат поинакви сфаќања.
И тоа нема никогаш да се смени. Ниту, пак, вие ќе се прилагодите на нив и нивните „застарени“ сфаќања и однесување.
Затоа, прифатете го фактот дека вашите родители нема да се сменат.
Не барајте одобрување од нив за сè, бидејќи нема да го добиете, но не им замерувајте поради тоа.
Бидете благодарни за сè што направиле за вас
Понекогаш, кога долго време сте скарани со родителите, заборавате на сите добри работи што ги направиле за вас низ годините.
Никој не е совршен, па ни тие. Наместо да се карате постојано, застанете и размислете за сите добрини што ги направиле и за сите позитивни работи на кои ве научиле.
Тоа може да е и нешто најобично - на пример ве научиле како да го зготвите своето омилено јадење. Заблагодарете им се за тоа.
Ова ќе ја намали нетрпеливоста и тензијата меѓу вас (ако постои).
Одвојте го проблемот од вашите родители
Не можете да изградите здрава врска, ако постојано се фокусирате на работите што ги направиле погрешно.
Гледајте на проблемот како на нешто што не ги дефинира вашите родители, но барајте начин како да го решите тоа што ве мачи.
Само ако успеете да ги раздвоите овие две работи, нема да чувствувате непријателство (или омраза) кон сопствените родители.
Бидете подготвени за критика
Факт е дека родителите секогаш ќе имаат нешто да ви кажат, преречат, да ви дадат совет дури и кога не го барате тоа од нив.
И ќе ве критикуваат за одлуките или постапките со кои не се сложуваат (а такви ќе има многу како што одминуваат годините).
Затоа, бидете подготвени за „лекции“ кои не ви требаат, но наместо да им се спротивставите или да избувнете, едноставно, избројте до 10 и премолчете.
А кога ситуацијата ќе се смири, укажете им на тоа што ви пречи и убедете ги дека сте возрасна личност која навистина треба да решава сама за себе - дури и кога греши.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





