30 животни совети што секој родител треба да им ги даде на своите деца
„Запомни дека предметите нема да ти донесат среќна, туку луѓето“ - е еден од многуте совети што родителите треба да ги споделат со своите деца.
Секој родител го сака најдоброто за своите деца, па како што растат, ги учат на работи за кои, се надеваат дека ќе ги направат силни, самостојни, емпатични, но и помудри.
Затоа, кажувајте им ги на вашите синови и ќерки овие 30 фрази.
Така, ќе ги направите поиздржливи, поуспешни и посигурни во животот.
На кои работи секој родител треба да го научи своето дете?
1. Каде што има волја, постои и начин.
2. Добрите манири не чинат ништо.
3. Секогаш прашувај. Можат само да ти кажат „не“.
4. Не стапуваш во брак само со саканата личност, туку со целото семејство.
5. Барај го доброто во секого.
6. Однесувај се кон другите како што би сакал/а тие да се однесуваат кон тебе.
7. Не можеш да контролираш што прават другите, но можеш да ги контролираш твоите сопствени реакции.
8. Не го купувај она што не можеш да си го дозволиш.
9. Запомни дека предметите не носат среќа, туку луѓето.
10. Повеќе муви се фаќаат со мед отколку со оцет.
11. Внимавај во што се впушташ.
12. Тимската работа ќе ти даде подобра можност да си го исполниш сонот.
13. Животот не е да се пронајдеш себеси. Животот е да се создадеш себеси.
14. Она што го мислиме одредува што ќе ни се случи, па ако сакаме да го промениме нашиот живот, треба да го рашириме умот.
15. Ѓубрето на еден човек е богатство за некој друг.
16. Оној ден кога ќе преземеш целосна одговорност за своите постапки е денот кога навистина ќе пораснеш.
17. Вистинската слобода е да знаеш дека можеш да избереш кому и што ќе може да има моќ над тебе.
18. Стар/а си само онолку колку што се чувствуваш.
19. Раното легнување и раното станување ќе те направат здрав/а, богат/а и мудар/а.
20. Ако не ти се допаѓа патот по којшто одиш, почни да асфалтираш друг пат.
21. Не ѝ суди на книгата според нејзината корица.
22. Похрабар/а си отколку што веруваш, посилен/а си отколку што изгледаш и попаметен/а си отколку што мислиш.
23. Секој ден носи нови дарови. Твое е дали ќе ги отпакуваш.
24. Да очекуваш светот да се однесува праведно со тебе затоа што си добар човек е исто како да очекуваш бикот да не те нападне затоа што си вегетаријанец.
25. Не можеш да направиш омлет без да скршиш неколку јајца.
26. Тревата е позелена онаму каде што ја наводнуваш.
27. Не е важно колку пати ќе паднеш, туку дали ќе се кренеш секојпат кога ќе пропаднеш.
28. Не постои еден единствен рецепт за успех. Но, за секој успех постои една суштинска состојка - страста.
29. Никогаш не губи надеж. И никогаш не ја потценувајте моќта на молитвата.
30. Каменот што се тркала не собира мов.