Исповед на една искрена мајка: „Ми доаѓа преку глава од сè секој ден и во еден миг буквално ‘пукам’“

„Навистина сакам да сум смирена, трпелива и нежна мајка сум (каква и што сум понекогаш), но константната врева и обврски некогаш прават да експлодирам...“

ispoved-na-edna-iskrena-majka-mi-doagja-preku-glava-od-se-sekoj-den-i-vo-eden-mig-bukvalno-pukam-01.jpg

Џејд Лили од Велика Британија е мајка на 2 деца која искрено говори за мајчинството и за сите тешкотии со кои се соочува притоа.

ispoved-na-edna-iskrena-majka-mi-doagja-preku-glava-od-se-sekoj-den-i-vo-eden-mig-bukvalno-pukam-08.jpg

На нејзиниот Инстаграм профил насловен како „Honest Mum Jade“ (Искрената мајка Џејд) откри кои се работите кои мрази да ги признае како мајка, но се реалност.

ispoved-na-edna-iskrena-majka-mi-doagja-preku-glava-od-se-sekoj-den-i-vo-eden-mig-bukvalno-pukam-07.jpg

Нејзината искрена исповед:

„Ми доаѓа преку глава од сè секој ден и во еден миг од денот буквално „пукам“.

Навистина сакам да сум смирена, трпелива и нежна мајка сум (каква и што сум понекогаш), но константната врева и обврски некогаш прават да експлодирам.

ispoved-na-edna-iskrena-majka-mi-doagja-preku-glava-od-se-sekoj-den-i-vo-eden-mig-bukvalno-pukam-06.jpg

Потоа, чувството на вина ме гуши и загрижена сум дека моите деца ќе ме паметат како нервозна мајка.

Мислев дека ќе биде прекрасно што ќе седам дома за време на породилното отсуство, како оние мајки што ги гледам на Инстаграм, но не беше.

ispoved-na-edna-iskrena-majka-mi-doagja-preku-glava-od-se-sekoj-den-i-vo-eden-mig-bukvalno-pukam-04.jpg

Јас не уживав, туку преживував. Дома немавме секој ден совршен ручек, ниту пуштено машини за перење, ниту секогаш чист дом.

ispoved-na-edna-iskrena-majka-mi-doagja-preku-glava-od-se-sekoj-den-i-vo-eden-mig-bukvalno-pukam-05.jpg

Tри години по моето прво породување, јас сè уште имам компликации од него.

Општеството претпоставува дека ти закрепнуваш од породувањето до мигот кое твоето породилно отсуство завршува, но не е така за многу од нас.

Не ми се допадна бременоста, ниту како моето тело се промени со неа. Сакав што во своето тело го растам моето бебе, но не ми се допаѓаше што качив толку многу килограми.

ispoved-na-edna-iskrena-majka-mi-doagja-preku-glava-od-se-sekoj-den-i-vo-eden-mig-bukvalno-pukam-03.jpg

Да се стане родител отвора некои стари рани од детството и потребно е закрепнување и сила да се прекине циклусот.

Не го правам тоа секогаш правилно и се плашам дека ќе го продолжам циклусот, но знам дека секогаш ќе давам сè од себе за да го прекинам“.

Таа исто така го прикажува хаосот кој владее во нејзиниот дом иако секојдневно чисти, откри дека по секоја бременост останува со по некој килограм плус и дека да се биде мајка е убава, но тешка и одговорна улога.

ispoved-na-edna-iskrena-majka-mi-doagja-preku-glava-od-se-sekoj-den-i-vo-eden-mig-bukvalno-pukam-02.jpg

Повеќе фотографии од Џејд:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg