Предности и недостатоци на раѓање дете по 35-тата година, според мајки
„Го родив син ми на 42 години и не жалам за ништо. Бев посамоуверена и ми беше многу полесно отколку на помладите мајки“.
Порано се очекувало од жените да родат дете веднаш штом ќе стапат во брак, неретко во раните 20-ти години од животот.
Но, многу жени воопшто не се чувствуваат подготвено да бидат мајки на таа возраст, и тоа од разни причини – финансиска нестабилност, немаат добар партнер, сакаат прво да се фокусираат на кариерата…
Па, сè почесто гледаме жени кои раѓаат во 30-тите години од животот, па и подоцна со напредокот на медицината.
На Редит, неколку жени кои родиле (или очекуваат дете) по 35-тата година споделуваат свои искуства:
„Го родив син ми на 42 години и не жалам за ништо. Имаше повеќе предности отколку недостатоци.
Развиената емоционална интелигенција, помалиот притисок од околината и финансиската независност се работи што ги немав како помлада жена.
Тоа што бев посамоуверена ми го направи мајчинството полесно за разлика од помладите мајки“.
„Првото го родив на 34, а второто на 37 години. Она што ме загрижува е дека можеби нема да бидам овде за нив кога ќе бидат постари.
Можеби ќе им бидам товар кога ќе пробаат да основаат свое семејство или можеби нема да бидам во најдобра состојба да гледам внуци. Пробувам да се справам со ова со здрава исхрана и вежбање“.
„Имам 39 години и сум бремена со првото дете. Во животот имам направено многу повеќе работи отколку другарките кои родија во раните 30-ти.
Одев на патувања, почнав бизнис, имав неверојатни авантури, пробав сè. Имав одличен живот и едвај чекам да го продолжам со дете“.
„Моето најстаро дете има 34 години, а го родив на 35-годишна возраст. Потоа имав уште две деца.
Тоа што ги родив децата по 35-тата ми овозможи да имам сè што посакував во животот. Сега на 65, сите ми велат дека изгледам многу младо за моја возраст“.
„Се обидувам да забременам со асистирано оплодување на 35 години. Секако дека сакав порано, но не бев подготвена и го немав најдено виситнскиот партнер.
Подобро да родам подоцна со вистинската личност, отколку порано со партнер кој не е за мене“.
„Мислам дека не пропуштив ништо од животот. Имав денови кога бев сингл и фокусирана на кариерата. Имав неколку долги врски кои ми помогнаа да се оформам како личност.
Мислам дека созреав подоцна и среќна сум што одвоив време да сфатам која сум и што сакам пред да добијам деца“.
Спирова С. | Црнобело