„Уште се состанувам со поранешниот сопруг, но одбивам да му бидам жена“
„Со поранешниот сопруг се смиривме 2 години по разводот – со години веќе сме 'дечко и девојка', не сакам да бидам во брак со него“, вели Ану Верма од Велика Британија.
Ану Верма и Роберт Дурант се вљубиле на прв поглед на забава на Ибица, потоа стапиле во брак, но по само 2 години во брак Ану поднела документи за развод.
Дел од проблемот таа гледа во тоа што се соочила со постнатална депресија.
Ану потоа почнала да се состанува со други мажи, но не можела да го извади поранешниот сопруг од глава.
Страста помеѓу нив повторно се разгорела, па тие се смириле.
Сега, се заедно и посреќни од кога било, но велат дека не сакаат да се венчаат.
„Не сакам да се венчаме повторно затоа што не ми е потребна таков тип на потврда одново.
Притисокот да се биде во брак и очекувањата на другите луѓе е тоа што на крајот доведе до негово рушење“.
Ану вели дека периодот на разводот било многу комплицирано време за неа, но со кој и да се состанувала потоа, посакувала таа личност да е Роб.
„Моравме да се разведеме за да закрепнеме и да израснеме како индивидуи и да ја спасиме врската“.
Дел од причините за развод била постанаталната депресија на Ану, по раѓањето на првиот син Ноа во 2018 година.
Taa почнала да чувствува одбивност кон себе и Роб поради ситуацијата во која се нашле, нејзиното чувство на тага и ниска самодоверба ги разделило.
„На почетокот бракот ми изгледаше како нова доза свеж воздух, но потоа чувството на несигурност и стравот од напуштање дојдоа на сцена.
Почнавме да се караме, тоа не беше здраво за нас и одлучивме да се разделиме“.
Ану потоа ангажирала психолог и ѝ била дијагностицирана постнатална депресија. Потоа, поради чувство на вина Ану го контактирала Роб, а парот се смирил 2 години по разводот.
„Сфативме дека помеѓу нас постои силна врска и одлучивме да си дадеме уште една шанса“.
Роб прифатил дека Ану не сака да му биде сопруга и дека на овој начин имаат подобро поставени граници и подобро се справуваат со емоциите.
Откако се смириле во септември 2021, тие се одлучиле за уште едно дете, па ја добиле ќерката Ева.
„Иако не сме во брак, бидејќи живееме заедно со нашите две деца, сите претпоставуваат дека сме маж и жена. Нас тоа ништо не ни менува.
Најважно е што научивме како нашата врска да ја направиме приоритет, дури и кога владее хаос“.
С. С. | Црнобело