„Имав 3 спонтани абортуси – бев гневна и се обвинував себеси“
„Ако сте имале спонтан абортус како мене, не се обвинувајте, не сте можеле да направите ништо. Дозволете си да тагувате и прифатете ја помошта што ви ја нудат“.
Жена од САД која имала 3 спонтани абортуси го споделува своето искуство со цел да им помогне на другите на нејзино место.
Таа имала и миом на матка за што ѝ биле на правени шест операции.
Нејзината исповед во продолжение:
„Првпат останав бремена во 2003-та, по неколку години обидување. Само неколку дена пред критичната 12-та недела, почувствував болка, а потоа и неколку капки крв.
Пријателките ми велеа дека слабото крвавење на почетокот може да биде нормално, па пробав да останам смирена, надевајќи се дека сè ќе биде во ред.
Но, завршив во болница, изгубив многу крв и без разлика што сте молев, го изгубив моето убаво бебе…
Вторпат останав бремена во 2004-та и повторно го изгубив бебето околу 11-тата недела.
Пред втората бременост бев дијагностицирана со миом на матка и се покажа дека тоа има влијание врз бременостите.
Во 2005 година, по шестата операција за отстранување на миомот, останав бремена, но повторно го загубив бебето по 10 недели.
Срцето ми се скрши и бев гневна. Се чувствував како некој да ми ги украл децата.
Беше предизвик да се справам емоциите како анксиозност, депресија, осаменост и таа.
Секој спонтан абортус дополнително ми ги кршеше срцето.
Тогаш професионалната помош беше ограничена – само ми дадоа леток за спонтан абортус. Сама, со часови барав информации на интернет.
Тоа што пријателките остануваа бремени и се породуваа правеше да се чувствувам неспособна и ми го влоши односот со нив.
Ми беше предизвик да одам кај нив на гости, на родендени и да ги слушам луѓето како ми велат ’Пак ќе останеш бремена‘…
Ми мислеа добро, но не разбираа. Ми беше тешко да им ја опишам болката.
Она што ми помогна беа неколку блиски пријателки и сопругот кои ме слушаа.
Си ја најдов силата во верата, а почнав и да пишувам дневник што ми беше како терапија.
Болката не исчезна, но полесно се справував со неа.
Со текот на времето, сфатив дека е во ред да бидам очајна, да плачам, си дозволив да тагувам.
На оние кои минуваат низ истото би им рекла – не се обвинувајте, не можете да направите ништо.
Вие сте уникатни и вашата реакција на спонтаниот абортус ќе биде уникатна.
Не плашете се да бидете ранливи и да ја прифатите помошта што ви ја нудат.
И, секој ден живејте го животот со полни гради.
Лесно е да се запоставите, но клучно е да запомните дека животот ви се случува сега, во овој момент“.
Спирова С. | Црнобело