Мисли кои ги мачат бремените жени, но се срамат да ги изговорат гласно
„Во што ли се впуштив?!“, „Па ова е многу тешко!“... Во бременоста, жените се соочуваат со низа мисли, но не секогаш можат да ги изговорат пред другите.
Промени во хормоните, промена на телото, исчекување да се донесе нов живот… Бремените жени се соочуваат со многу работи, но и со многу мисли кои би сакале да можат да ги изговорат, но многу често премолчуваат, за да не бидат погрешно сфатени.
Но, ако сте идна мајка и имате да кажете многу работи, а сепак се воздржувате да прозборите пред светот, знајте дека не сте сами.
Мисли кои им поминуваат низ глава на бремените жени, но не ги изговараат гласно:
„Да, возбудена сум, но исто така и исплашена!“
Без разлика дали сте бремени прв, втор, трет или четврти пат, носењето бебе на овој свет доаѓа со низа несигурности кои не можат да се предвидат.
„Во што ли се впуштив?“
Без разлика дали сте поминале години сонувајќи да имате деца или сте наишле на прекрасно изненадување, гледањето на позитивниот тест за бременост ја прави секоја мајка да биде малку шокирана.
„Леле, ова е многу тешко!'
Бременоста е тешка, а понекогаш трудниците едноставно сакаат да се пожалат.
„Дали сè што правам е добро за моето бебе?“
Начин на исхрана, стрес, начин на живот… Бремените жени постојано се прашуваат дали го прават најдоброто за нивното бебе.
„Ве молам, не го допирајте мојот стомак!“
Непријатно е да се допира стомакот на бремена жена, освен ако личноста не е премногу блиска, но дури и тогаш треба да се праша.
„Ве молам, не коментирајте за мојот физички изглед или големината на мојот стомак...“
Ако ова не го изговарате туку-така за небремена жена, тогаш зошто да го кажувате за бремена?