„Моите синови 1 месец беа без ТВ, таблети и телефони – Какви промени забележав кај нив?“

„Животот ни стана многу полесен како родители“ – вели овој татко од САД, кој одлучил еден месец да им забрани на неговите синови да поминуваат време пред монитори. Кои промени ги забележал кај своите деца веќе по првите 30 дена?

moite-sinovi-1-mesec-bea-bez-televizija-tableti-i-telefoni-kakvi-se-promenite-01.jpg

Сите знаеме дека долгото време поминато пред екрани им штети на децата, па може да доведе и до сериозни нарушувања како што е екранизмот, но се чини дека малкумина успеваат да останат доследни во одлуката целосно да ја забранат употребата на електронски уреди во домот.

Често ни се чини дека е многу полесно да им го дадеме уредот, за да можеме да ги завршиме обврските, отколку да се справуваме со дете што самото не знае што да прави со себе без телефон или таблет.

Така, еден татко од САД, одлучил да направи експеримент и на своите 4 сина еден месец целосно им забранил да поминуваат време пред екрани.

moite-sinovi-1-mesec-bea-bez-televizija-tableti-i-telefoni-kakvi-se-promenite-02.jpg

Во објава на Инстаграм, таткото, Фил Мекензи, појаснува кои се клучните промени што ги забележал кај нив по овој период.

„Никогаш не верувавме дека ќе бидеме во можност да опстанеме без екрани, но преживеавме 30 дена така и сфативме неколку работи.

Ова ни ги направи животот како родители многу полесен.

Сега знаеме дека ја донесовме најдобрата можна одлука“ – нагласува тој.

Во продолжение проследете ги клучните промени што ги забележал тој:

Децата почнаа сè помалку да се расправаат и многу повеќе да си играат заедно. Тие се зближија уште повеќе и се сакаат повеќе од претходно.

moite-sinovi-1-mesec-bea-bez-televizija-tableti-i-telefoni-kakvi-se-promenite-08.jpg

Нивната имагинација и креативност стана експлозивна. Опседнати сме со тоа да видиме каква игра ќе измислат нивните мали мозочиња следниот ден.

moite-sinovi-1-mesec-bea-bez-televizija-tableti-i-telefoni-kakvi-se-promenite-04.jpg

Сакаат многу повеќе да си играат со нивните играчки и поминуваат многу повеќе време во игра. Во минатото им стануваше здодевно по 2 минути, дури и со нови играчки. Сега си играат многу подолго и тоа е неверојатно.

moite-sinovi-1-mesec-bea-bez-televizija-tableti-i-telefoni-kakvi-se-promenite-05.jpg

Сега е многу полесно да ги натераме да излезат од дома. Во минатото секое излегување беше борба, затоа што нè молеа да останат дома и да гледаат телевизија уште 5 минути. Сега се подготвени за излегување веднаш.

moite-sinovi-1-mesec-bea-bez-televizija-tableti-i-telefoni-kakvi-se-promenite-07.jpg

Конечно седнуваат да јадат. Во минатото постојано нешто друго им го одземаше вниманието, одбиваа да јадат и никогаш не сакаа да седат мирни. Уживаме во деновите кога можеме да седнеме како семејство.

moite-sinovi-1-mesec-bea-bez-televizija-tableti-i-telefoni-kakvi-se-promenite-06.jpg

Децата имаат многу помалку тантруми. Сè уште ги имаат, но значително се намалени.

moite-sinovi-1-mesec-bea-bez-televizija-tableti-i-telefoni-kakvi-se-promenite-09.jpg

Сега редовно читаме приказни. Во минатото тоа воопшто не сакаа да го прават.

moite-sinovi-1-mesec-bea-bez-televizija-tableti-i-telefoni-kakvi-se-promenite-10.jpg

Погледнете го во продолжение видеото:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg