6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца
Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни обувки – со кои други грешки несвесно им штетите на вашите деца?
Никој не е совршен и сите родители прават по некоја грешка кога станува збор за нивните деца.
Сепак, со некои грешки несвесно можат да им наштетат.
На кои грешки треба да обрнете внимание?
Им дозволувате да играат опасни и несоодветни спортови
Одлично е ако го мотивирате вашето дете да спортува, но овој тренинг треба да биде соодветен на возраста.
Поопасните спортови како бокс го зголемуваат ризикот од повреди и најдобро е детето да порасне доколку покажува интерес за нив.
Исто така, и пренапорните тренинзи, како кревање тегови, можат да бидат лоши за деца во развој и да предизвикаат разни проблеми, како искривен ’рбет.
Ако вашето дете изрази желба за некој поинтензивен и поопасен спорт, најдобро е прво да се консултирате со лекар кој ќе ви каже дали активноста е соодветна за возраста.
Им дозволувате да минуваат многу време со електронски уреди
Експертите сè повеќе зборуваат за ограничување на времето поминато пред екран, и тоа не само за деца, туку и за возрасни.
Бројни истражувања покажале дека претераното користење уреди како телефони и таблет има бројни последици кај децата.
На пример, кај деца помали од пет години, последиците вклучуваат проблеми со когнитивниот и психолошкиот развој, како и дебеелење.
Кај деца над пет години, покрај проблемите со вишокот килограми, можат да се јават и психички проблеми како анксиозност, хиперактивност, недостаток на внимание, намалена самодоверба…
А, овие последици можат да бидат долгорочни.
Не обрнувате внимание на нивните обувки
Обувките се мошне важни за децата во развој.
Кога детето си игра и трча, важно е обувките што ги носи да му даваат соодветна потпора за да се избегнат проблеми како болки и рамни стапала, но и неправилно држење на телото.