„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“

„Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единствено ми е жал, што тие што ми го велат тоа, мислат дека сум имала среќа и сум го добила на лото, а ете, тие немале таква среќа!“ – вели српската авторка Јелена Обреновиќ – Дамњановиќ.

site-mi-velat-blaze-si-ti-kakvo-dete-imash-znam-kakvo-e-i-ne-mi-se-padna-na-loto-01.jpg

Колку тортурите што родителите им ги прават на наставниците влијаат врз образованието на другите деца, кои сметаат дека училиштето е за образование, а не за пресметка?

Во колкава мера нашето домашно воспитување влијае врз образовниот процес?

Како изгледа кога ги гледаме другите родители како им наметнуваат невозможни барања на наставниците и негувателките, кои само ги креваат рамениците, немоќни пред нивните закани?

Српската авторка Јелена Обреновиќ Дамњановиќ објави колумна, каде зборува како родител и мајка на седумгодишно девојче.

Како изгледа образовниот процес денес низ призмата на обичните родители?

Прочитајте ја нејзината колумна во целост:  

„Ја носам ќерка ми во училиште, како и секој друг ден. Еден татко го носи својот син и ѝ вели на учителката: ‘Знаете, тој мора да влезе со чадорот и веројатно ќе сака да го отвора и да си игра со него, денес тоа ни е хит’.

Во секундите што следуваат го замислувам тоа дете како го отвора чадорот и ги повредува другите деца, затоа што тоа му е хит денес.

Мислам, нема тој да повреди некого намерно, но просто чадорот е голем и има боцки на крајот, и да не заборавиме, се наоѓа во рачињата на 7-годишно дете.

Учителката (која е претставник баш на оние учителки со коишто 80 отсто од родителите постојано се пресметуваат, понекогаш и преку медиумите) се наоѓа во шок од немоќ.

А јас стојам без зборови како будала.

site-mi-velat-blaze-si-ti-kakvo-dete-imash-znam-kakvo-e-i-ne-mi-se-padna-na-loto-06.jpg

Тој татко не е криминалец, не е некоја позната фаца од маало. Тој е обичен, симпатичен татко, со којшто веројатно би се дружела. И тој татко е еден од речиси сите, нормални, симпатични луѓе што имаат несвесно пореметување да го уништат сопственото дете и уште понекој попатно.

Откако моето дете оди во градинка, а сега во училиште ситуацијата е следна: Нормалните родители всушност многу ретко им се жалат на луѓето што работат со нивните деца, ретко доаѓаат со барања или поплаки во градинката или училиштето. Речиси никогаш.

Јас всушност се пожалив еднаш. Кога една негувателка од немоќ пред родителите им даваше на децата газирани пијалаци (затоа што нивните деца тоа го сакаат).

Таа негувателка беше млада и се надевам дека или ја променила професијата или добила специјални моќи во борбата против родителите предатори.

site-mi-velat-blaze-si-ti-kakvo-dete-imash-znam-kakvo-e-i-ne-mi-se-padna-na-loto-05.jpg

Барањата на родителите предатори се следни:

- Не ги носат децата на време, затоа што нивните деца не можат да станат рано, а потоа бараат да им се даде појадок, за нивните принцови и принцези да јадат, па останатите дечиња нека чекаат. Па што?;

- Бараат од нивните деца да возвратат на зададените удари и на тоа ги учат, секако дома, но кога на нивните деца ќе им се возврати ударот, тогаш ќе ги постројат сите: од хигиеничарката до директорката;

- Се подразбира дека нивното дете ќе дојде во нуркачки костим во училиште со омилената играчка, со сетот алатки, затоа што тоа ‘ете баш тоа од утрово им е хит’, а позитивно влијае врз нив затоа што не сакаат да им ја прекинуваат играта, затоа што така им ја гушат ‘креативноста’.

(Подоцна, секако, ако не се креативни, родителите ќе ја постројат учителката затоа што ‘нивното дете е сосема поинакво дома, и тие не знаат што му прават во училиште’).

site-mi-velat-blaze-si-ti-kakvo-dete-imash-znam-kakvo-e-i-ne-mi-se-padna-na-loto-03.jpg

А што ќе прави детето?

Во главно за таквите деца учителките и негувателките се оние ‘опасни и злобни тетки’ затоа што кај нив зборот ‘не’ навистина значи ‘не’.

Потоа тоа дете е под некоја ‘страшна тортура’, која родителите предатори треба да ја спречат уште во прво одделение. Во седмо одделение, секако ќе се жалат дека образованието е лошо и дека заради тоа нивното дете ништо не знае.

Има голем број барања од родителите предатори, затоа што креативноста во тој поглед има недогледна длабочина и широчина!

site-mi-velat-blaze-si-ti-kakvo-dete-imash-znam-kakvo-e-i-ne-mi-se-padna-na-loto-04.jpg

Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единствено ми е жал, што тие што ми го велат тоа, мислат дека сум имала среќа и сум го добила на лото, а ете, тие немале таква среќа!

Мене ми беше многу полесно да бидам дете, отколку што му е на моето дете. Позицијата на детето кај ќерка ми ја демантираат сите и на секој чекор, општеството, новиот бран на воспитување, училиштето под присила на родителите предатори, некои нови луѓе збунети за тоа што значи поимот слобода.

Слобода, од што? Од здравиот разум?

Ситуацијата во која што на децата им се исполнува секоја желба, сега и веднаш, под името слободно детство е вистински затвор спакуван со панделка.

Слободата не се подразбира. Слободата се освојува!

site-mi-velat-blaze-si-ti-kakvo-dete-imash-znam-kakvo-e-i-ne-mi-se-padna-na-loto-02.jpg

П.С. Јас сум мајка која се дружи со само уште две мајки, затоа што поголемиот дел од другите едноставно ми одат на нерви.

Ми одат на нерви со своето попустливо воспитување и со децата што не се научени да отстапат од своите барања, но затоа први отстапуваат од своите обврски.

Ве молам, сфатете дека насилството меѓу врсниците не може да се реши во училиштето, туку дома, кога вашето дете ќе научи што значи зборот ‘НЕ’.

Кога пред да ги научи своите права, ќе ги научи своите обврски. Кога во обврските треба да има и старомодни работи како што се почит, грижливост и доследност“.

Б. С. Б.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg